Како и кај секоја друга програма за рехабилитација од дроги, така и кај оваа поединечните резултати може да се разликуваат едни од други.
|
|||
Што велат дипломците | Што велат семејствата на дипломците | Објави |
Повторно близок со семејството
Дипломец на Нарконон
Виталиј Л.
Дојдов во САД во 1991 веднаш по падот на Комунистичката Партија во Советскиот Сојуз. Ми беше навистина тешко да се вклопам, знаете, со американските деца, бидејќи имав акцент, се облекував и изгледав смешно.
И тоа траеше неколку години додека не почнав во средно училиште и започнав со дрогите и алкохолот. Почувстував дека се вклопив.
Се навлекував на потешки и потешки дроги и пред да бидам свесен, пиев многу алкохол секојдневно а потоа преминав на опијати што едноставно го консумираа мојот живот.
За мене Нарконон програмата беше нов поглед на животот со целосно нова перспектива, позитивно гледање на сé што ме опкружува.
Исто така подобрување на односите со пријателите и семејството. Најважно со моите, бидејќи кога користев дрога нив најмногу ги повредив. Тие беа зачудени кога им се јавив и ги прашав што очекуваат од мене, бидејќи никогаш го немав направено тоа.
Неможе да биде подобро. Мислам, сега сме поблиски отколку пред да користам дроги.
Нарконон е програма која функционираше за мене. Кога мислев дека сé е загубено, си го спасив животот.