Интернет известување за користење на лични податоци

Последно ажурирање: 5-ти септември 2015 година

Ве молиме внимателно да го прочитате овој дел пред да започнете да ја користите оваа интернет страница

Ова Известување за користење на личните податоци ги опишува податоците кои Narconon International (“Narconon Int”) ги собира за вас преку оваа интернет страница, како ние ги користиме и споделуваме тие податоци, како и кои се различните видови на заштита на личните податоци кои ние ги нудиме. Ова Известување за користење на личните податоци се однесува на податоците кои ние ги собираме кога Вие пристапувате или ја користите нашата интернет страница или кога Вие стапувате во контакт со нас на друг начин.

Измени на ова Известување за користење на личните податоци

Ние можеме повремено да го менуваме ова Известување за користење на личните податоци. Доколку правиме некакви измени, ние ќе Ве известиме за истите преку објавување на ажурираното Известување за користење на личните податоци и преку менување на датумот на „Последно ажурирање“ кој беше наведен погоре. Ве охрабруваме да го проверувате Известувањето за користење на личните податоци секогаш кога ја користите нашата интернет страница за да бидете информирани за нашите политики за користење на податоци и за начините на кои Вие можете да помогнете во заштитата на Вашите лични податоци.

Известување за политиките за приватност - медицински податоци

Одредени заштитени медицински податоци кои може да бидат обезбедени од Ваша страна се заштитени на начин опишан во нашето Известување за политиките за приватност. Во случај на противречност помеѓу условите од ова Известување за користење на личните податоци и условите од Известувањето за политиките за приватност, ќе преовладаат условите од Известувањето за политиките за приватност.

Користење на интернет страницата

Вашиот пристап и користење на оваа интернет страница се предмет на одредени услови и одредби, кои се опишани во нашите Услови за користење.

Собирање на податоци

Податоци кои ги обезбедувате Вие

Ние ги собираме податоците кои Вие ги обезбедувате, како, на пример, кога ќе се претплатите да го добивате нашиот билтен по електронска пошта, кога ќе побарате бесплатен информативен пакет или портфолио, или кога ќе го пополните нашиот прашалник за прелиминарна проценка. Ние можеме, но не сме ограничени на собирањето на следните податоци: Вашето име, адреса за електронска пошта, поштенска адреса, телефонски број, број на платежна картичка, работи за кои ние би можеле да Ви помогнеме, причини поради кои сакате повеќе информации, и основна историја за користење на алкохол и/или други дроги.

Податоци кои ние ги собираме од Вашето користење на интернет страницата

Ние собираме податоци за вас кога вие ја користите нашата интернет страница, вклучувајќи ги следните нешта:

  • Податоци за електронски уреди. При посета на нашата интернет страница, ние собираме определени податоци за Вашиот електронски уред, вклучувајќи податоци за Вашиот модел на хардвер, оперативен систем и верзија, единствен идентификациски број на уредот, податоци за мобилната мрежа и податоци за интеракцијата на уредот со нашата интернет страница. Ние, исто така, можеме да утврдиме кои други програми работат на уредот со цел спречување на измами и злонамерен софтвер (но нема да собираме какви било содржини од таквата програма).
  • Податоци за користењето. Ние собираме податоци за тоа како Вие ја користите нашата интернет страница, вклучувајќи и податоци за тоа колку време сте поминале на интернет страницата, видовите на пребарувач и јазик и адресите на интернет протоколот („IP“).
  • Податоци кои се собираат по пат на колачиња (cookies) и интернет следачи (web beacons). Ние користиме најразлични технологии за собирање на податоци, што може да вклучува испраќање на колачиња до Вашиот компјутер или мобилен уред. Колачињата се мали датотеки со податоци кои се зачувуваат на Вашиот хард диск или во меморијата на Вашиот електронски уред од страна на дадена интернет страница. Помеѓу другото, колачињата ги зачувуваат работите кои ги претпочитате и помагаат во правење на проценка и собирање на општи статистички податоци за активноста на корисникот. Исто така, ние можеме да собираме податоци со користење на интернет следачи. Интернет следачите се електронски слики кои можат да се користат на нашата интернет страница или електронска пошта. Ние можеме да користиме интернет следачи за да испраќаме колачиња, да броиме посети, да ја разбереме употребата и ефикасноста, и да утврдиме дали дадена електронска пошта била прочитана и било преземено какво било дејство во врска со истата.

Аналитичка обработка спроведена од трети страни

Ние може да дозволиме трети страни да вршат аналитичка обработка. Овие трети страни може да користат колачиња, интернет следачи и други технологии за да собираат податоци, како што се Вашите IP адреси, идентификатори поврзани со Вашиот мобилен уред или апликации на уредот, пребарувачите кои ги користите за посета на нашата интернет страница, прегледани страници, колку време сте поминале на страниците, притиснати линкови и податоци за тоа дали и колку посетителите презеле какво било дејство по отворањето на страната. Овие податоци може да се користат од страна на Narconon Int и други компании за анализирање и следење на податоци, утврдување на популарноста на одредена содржина и подобро разбирање на Вашето користење на интернет страницата. Ова Известување за користење на личните податоци не се однесува на, и ние не сме одговорни за, колачиња, интернет следачи или други технологии за следење на трети страни, и Ве охрабруваме да ги проверите политиките за приватност на овие трети страни за да дознаете повеќе за нивните политики за приватност на личните податоци.

Користење на податоците

Ние ги користиме податоците за вас за да ја обезбедиме, одржуваме и подобриме нашата интернет страница и за да ги испорачаме информациите и поддршката кои Вие ги барате.

Податоците кои ги собираме може да ги користиме за да ви испраќаме вести и информации за нашите услуги.

Исто така, можеме да ги користиме податоците за вас за да следиме и анализираме трендови и употреба поврзани со нашата интернет страница; за да ги заштитиме нашите права и имот; за да истражиме и спречиме измама или други незаконски дејствија; и за која било друга цел за која сте известени во однос на нашата интернет страница.

Ние можеме да ги користиме услугите на трети страни за обработување и зачувување на лични податоци во Соединетите Американски Држави и други држави.

Споделување на податоците

Ние можеме да ги споделуваме вашите лични податоци во следните случаи:

  • Со трети страни со цел обезбедување, одржување и подобрување на нашата интернет страница и услуги, вклучувајќи со даватели на услуги кои имаат пристап до вашите податоци со цел вршење на услуги во наше име (на пример, спречување на измама и услуги за утврдување на автентичноста);
  • Во врска со, или за време на преговорите за какво било спојување, продажба на акции или средства на компанијата, финансирање, преземање, продажба или распуштање на целиот или дел од нашиот бизнис;
  • Доколку оправдано сметаме дека обелоденувањето е потребно со цел извршување на кој било важечки закон, пропис, правна постапка или државно барање; исполнување на важечки договори со корисници или правила; заштита на безбедноста или интегритетот на нашата интернет страница или услуги; и наша заштита, како и заштита на нашите корисници и јавноста од штета или незаконски дејствија; и
  • Со ваша согласност.

Исто така, ние можеме да споделуваме општи податоци кои не откриваат лични податоци на поединечни корисници со трети страни.

Социјални мрежи и платформи на трети страни

Одредени делови или функции на нашата интернет страница може да ви дозволат да споделувате информации на платформи или социјални мрежи на трети страни како што се Facebook, Instagram, LinkedIn, Twitter, Google+, или други слични страници (заедно: „Социјални мрежи“). Narconon Int не поседува, ниту управува со такви социјални медиуми, и објавувањето на вашите податоци на социјалните мрежи е предмет на политиката за приватност на личните податоци и други правни прописи на третите страни, кои може да не обезбедуваат заштита на личните податоци со која вие се согласувате. Narconon Int не сноси одговорност за какво било постапување или пропуст од страна на која било од социјалните мрежи, и ние не одговараме за последиците од вашето споделување на вашите податоци на социјалните мрежи.

Безбедност

Ние преземаме разумни мерки, вклучувајќи административни, технички и физички мерки за безбедност, со цел заштита на личните податоци од загуба, кражба, злоупотреба, неовластен пристап, обелоденување, измена и уништување. За жал, за ниту еден пренос на податоци преку интернет не постои гаранција за 100% безбедност. Како резултат на тоа, иако ние се стремиме да ги заштитиме Вашите лични податоци, Narconon Int не може да ја обезбеди или гарантира безбедноста на кои било податоци кои вие ни ги пренесувате нам или ги преземате од нашите интернет производи или услуги, и истото го правите на сопствен ризик.

Избор на степенот на заштита на вашите лични податоци

Лични податоци

Во секое време вие можете да ги ажурирате или поправите Вашите податоци преку испраќање на електронска пошта на следната адреса info@narconon.org.

Колачиња

Поголемиот дел од интернет пребарувачите се прилагодени автоматски да прифаќаат колачиња без прашување. Доколку сакате, вие вообичаено можете да одберете да го прилагодите вашиот пребарувач да отстранува или да не прифаќа колачиња; но, доколку го сторите тоа, можно е нашата интернет страница да не работи исправно.

Линкови до други интернет страници

Оваа интернет страница може да содржи линкови до други интернет страници, а тие интернет страници може да не ги следат истите политики за приватност на личните податоци како Narconon Int. Ние не преземаме одговорност за политиката за приватност на личните податоци на интернет страниците на трети страни. Ве охрабруваме да ги прочитате политиките за приватност на личните податоци на таквите трети страни за да дознаете повеќе за нивните политики за приватност на личните податоци.

Деца

Narconon Int не собира, ниту чува лични податоци за лица под 13 годишна возраст, притоа знаејќи за тоа, и ниту еден дел од интернет страницата или услугите не се наменети за лица под 13 годишна возраст. Доколку имате помалку од 13 години, тогаш ве молиме да не ја користите интернет страницата или услугите. Доколку Narconon Int дознае дека се собрани лични податоци за лица кои имаат помалку од 13 години без согласност на родител која може да биде потврдена, тогаш Narconon Int ќе преземе соодветни чекори за бришење на овие податоци. За да направите такво барање, ве молиме да нè контактирате на info@narconon.org.

Контакт

За сите прашања и грижи поврзани со ова Известување за користење на личните податоци, ве молиме да нè контактирате на:

Narconon International
7065 Hollywood Blvd
Los Angeles, CA 90028, USA
Електронска пошта: info@narconon.org