Како и кај секоја друга програма за рехабилитација од дроги, така и кај оваа поединечните резултати може да се разликуваат едни од други.
|
|||
Што велат дипломците | Што велат семејствата на дипломците | Објави |
„Потполно нов свет“
Дипломец на Нарконон
Тифани Б.
Не работев. Живеев со мојот дечко и користевме прилично многу, секој ден го минувавме земајќи само дроги. Ги крадев чековите за плата од работодавачот за да земам дрога. Во тоа време мислев дека тоа е разумно. И неможев да се сопрам сé додека целосно не го допрев дното. Мојата цел не постоеше. Чувствував како само да постојам во времето и навистина не се движам никаде и ќе останам во оваа состојба засекогаш.
За среќа мојата баба само што се врати од одмор. Ми рече: "Ајде да не правиме грешка со уште една 28 дневна рехабилитација. „Што велиш за ова место?“ Јас реков „Да, ќе одам“.
Кога ја завршив програмата во сауна, физички се почувствував како да имам 16 години. Подобро можев да се сконцентрирам, подобро да се фокусирам, навистина бев будна.
Исто така дознав и научив дека јас бев добра личност морално и етички. И дека имав добар морал и научив за различните области во мојот живот и каде е мојата етика во овие области. Во која состојба беа областите од мојот живот, како работата или семејството. И што да правам за да ги доведам во подобра состојба.
Нарконон ми даде нов живот или може да се каже, нов почеток, целосно нов свет со можности за кои незнаев дури и кога не земав дроги. Пред да започнам да земам, не чувствував дека имам можности како сега по завршената програма.