Како и кај секоја друга програма за рехабилитација од дроги, така и кај оваа поединечните резултати може да се разликуваат едни од други.
|
|||
Што велат дипломците | Што велат семејствата на дипломците | Објави |
„Си го вратив семејството и себеси“
Дипломец на Нарконон
Артур С.
Ова би го нарекол моја последна шанса. Мислам, веројатно би бил во затвор или мртов.
Бидејќи бев речиси сосема запуштен по шест години секојдневно користење хероин.
Во основа мислев само на една личност, а тоа бев јас. Не ми беше важно што имав три ќерки, што имав мајка, татко, сестра. Тие како да не постоеа во мојот живот, бидејќи јас не го дозволував тоа.
Но, во текот на програмата јас како да се преродив и се почувствував физички здрав. Умот ми беше изострен, бев избистрен а тоа беше првото, „во ред, јас можам“.
Имам одлична врска со моите ќерки, која никогаш не би ја имал ако не ја направев програмата. Самиот факт дека спијат мирно ноќе, без грижа дали сум предозиран или ќе извршам некаков криминал или дали ќе умрам. Тоа, тоа вреди за сè.
Среќен сум секој ден. Не е важно колку е тој тежок, можам тоа да го пренесам на другите и едноставно да бидам тој што сум, без никакви супстанции.
Како да имам нов почеток — целосно нов почеток.