Програмата на Нарконон

Признанија и Благодарници

ако што е наведено во ова издание, програмата на Нарконон е заснована врз сеопфатен поглед на факторите на зависноста и се занимава со целата личност - самата зависност, основните причини за зависноста и потребата од сосема нов план за живот без дроги.

Овој поглед се огледува во сите аспекти на програмата, како што е именувањето на учесниците на програмата како студенти— не пациенти или жртви или зависници. Тие се студенти бидејќи ја учат вештината и технологијата на живеење, за да водат продуктивен живот без дроги. Тие го разрешуваат чувството на несреќност и штетата која им ја направиле на други и така стануваат способни да го остават тоа зад себе и да изградат нов живот.

Начинот на размислување на Нарконон е дека единката е одговорна за состојбата во нејзиниот живот и дека штом ќе се ослободи од зависноста со помош на програмата на Нарконон, единката ќе има моќ да го промени на оној начин кој ќе го избере.

Според SAMHSA, (Substance Abuse and Mental Health Services Administration), една личност е рехабилитирана од зависност кога покрај тоа што е ослободена од дроги, таа е вработена, оди на училиште или и двете; има позитивни односи со семејството и пријателите, не е вклучена во криминални активности и генерално донесува здрави одлуки за животните прашања.

Огромниот број на дипломци на Нарконон кои одговараат на овој опис, нивните семејст­ва и професионалци, го изразуваат своето мислење на следните страници.


Признание на Нарконон за неговите услуги од oкругот на Лос Анџелес
Признание на Нарконон за неговите услуги од oкругот на Лос Анџелес

ВЛАДИ

„Како Претседател на Комисијата за Злоупот­реба на Супстанции при Сенатот, би сакал да ја искористам оваа можност да ви се заб­лагодарам вам и на вашата организација за работата која ја имате завршено во борбата против зло­употреба на дроги. Поради вредното ра­ботење на програмата на Нар­конон и други сли­чни организации, иде­алот за општество без дроги еден ден може да стане реалност.  Дос­тиг­нувањата на Нар­конон зборуваат сами за себе. Одговорите кои пристигнуваат од луѓе кои учествувале во програмата укажуваат на целоснаподдршка за Нарконон. Уникатниот прис­тап на Нарконон во помошта при ослободувањето на зависниците од дрога, со брзина поголема от­колку вообичаената, е из­вонреден. Борбата против злоупотребата на дроги мора да биде заеднички проект на владата и при­ватниот сектор. Горд сум што сум повp­зан со Нарконон и ги охраб­рувам другите да се придружат на борбата против злоу­потреба на дроги.“ - Сена­тор на САД

„Злото од дро­гите останува еден од нај­тешките и суштински предизвици кои нашето општество допрва треба да ги надмине. Овој циклус на безнадежност не смее да продолжи, и само преку одлучните напори на поединци и организации како што е вашата, ќе можеме да надвладееме во оваа борба. Со децении, активно помагате во превенцијата на злоупотребата на дроги, советувајќи ги и едуцирајќи ги оние поединци кои станале плен на привлечноста на недоз­волените дроги. Од вашето основање во 1966 г. вашата експанзија вклучува Центри на Нар­конон ширум светот, што е силен доказ дека вашите програми и методи се покажале како ефикасни.“ - Поранешен Гувернер, Калифорнија

„Резултатите кои ги пос­тигнувате се им­пресивни. Позитивна и поучна беше сред­бата со некои од пора­нешните клиенти на Нарконон, луѓе кои се ослободиле од својата зависност и биле спо­собни да се вратат на нормален работен и семеен живот.“ - Член на парламент, Шведска


Признание за Проектот за детоксикација на спасувачите по настаните од 11-ти септември од Противпожарниот оддел на Њујорк
Признание за Проектот за детоксикација на спасувачите по настаните од 11-ти септември од Противпожарниот оддел на Њујорк

„Програмата на Нарконон за рехабилитација од дроги ги имплементира решенијата кои се развиено од Г-дин Хабард и им има помогнато на десетици илјади да си ги повратат својата самопочит и своите животи.“ “ - Претседател на Претставничкиот дом, Порто Рико

„Бидејќи Нарконон Непал врши одлична работа во спасувањето на многу животи во Непал, во името на Министерството за Внатрешни работи при Владата на Непал, ве молам примете ја нашата искрена благодарност за помошта при воспоставувањето и поддршката на Нарконон - Непал.““ Министер за внатрешни работи, Влада на Непал

„Веќе со години Нарконон се истакнува во Санта Круз и Плацервил со тоа што нуди пристап за рехабилитација без користење на дроги. Исклучителната прог­рама ги третира симптомите на злоу­потреба на дрога и им помага на студентите со подучување на вештини и одговорност.“ - Сена­тор на САД

„Со задоволство ви ги пренесувам моите иск­рени честитки вам и на сите оние повp­зани со вашата ор­ганизација, за прос­лавата на вашата 25-годишна работа на превенцијата и реха­билитацијата од дроги на оние на кои тоа им е потребно.“ - Државен гувернер, САД


Градот Макалистер Оклахома прогласи Ден на Нарконон
Градот Макалистер Оклахома прогласи Ден на Нарконон

„Нашиот Заменик- Гувернер е добро ин­формиран и запоз­наен со вашата програма, и тој на­вистина ги цени и поддржува напорите, како овие на Нарконон, кои имаат за цел да им помогнат на младите да ги направат правилните избори во животот кога станува збор за дроги и алкохол.“ - Државен гувернер, САД

„Му ракоплескаме на г. Л. Рон Хабард за неговото истражување и технологијата која помага да се спасат животите од дрога и алкохол, локално и меѓународно.“ - Член на Градскиот совет, САД

„Нарконон Виста Беј ја користи својата уникатна програма за да се спасат и да им се вратат животите на безброј поединци, истовремено помагајќи при едукацијата на адолесцентите за опасноста од употребата на дроги.“ “ - Заменик гувернер, САД

ПРОФЕСИОНАЛЦИ ВО МЕДИЦИНАТА

„Досега имам испратено скоро 4000 луѓе на Детоксикација та на г. Хабард. Без сомнение можам да речам дека таа функционира. Тоа е единствениот трет­ман кој се посветува на ефектите од акуму­лираните токсини. И нема ништо друго на повидок.“ - Лекар, САД

„Нарконон е ефикасен во обезбедувањето на функционална ал­тер­натива за рехабили­таци­ја, преку една уникатно струк­туирана прог­рама... Kако лекар, искрено им ја препо­рачувам на оние кои се зависни од дроги. За­висниците од дрога ја завршуваат програмата на Нарконон и излегуваат ослободени од дрогите.“ “ - Лекар, Шпанија

„Нарконон има един­ствена позиција во полето на рехабилитацијата. Тој им нуди на завис­ниците релативнобезболно од викнување од дроги - нешто што повеќето зависници и профе­сионалци го сметаат за невозмож­но. Тој има развиено ефикасна програма која не е на товар на даночните обврзници, во време кога вла­дата (на САД) има инвестирано мили­јарди долари во екс­периментални пристапи кои не дадоа задоволувачки резул­тати.“ “ - Лекар, (Специја­лист за трет­ман на зависност), САД


Потврда за квалитет на Програмата за превенција и едукација за дроги на Нарконон издадена од страна на градот Лос Анџелес
Потврда за квалитет на Програмата за превенција и едукација за дроги на Нарконон издадена од страна на градот Лос Анџелес

„Како медицински консултант на Нарконон, следев буквално стотици зависници кои по­минуваа низ програмата на Нарконон за отстранување и детоксикација од дроги. Заклучив дека методот на Нарконон се покажа како ефикасен кај повеќето набљудувани случаи. Исто така, би сакал да истакнам дека многу од луѓето, за кои претходно се сметаше дека ’не можат да се опорават’ - се опоравија, до степен да водат нормален живот.“ -Доктор по Медицина и Биолог, Италија

„Во текот на мојата работа имав мож­ност непосредно да ги набљудувам резул­татите на Детокси­кацијата - Нов Живот, и открив дека тие беа не помалку од чудесни. Луѓето кои ја завршиле програмата искажуваат еден заед­нички став, дека тие не се повеќе оптоварени со хемикалии кои ги огра­ничуваале во нивните животи. Тие изразуваат зголемена ментална бистрина и нова надеж за иднината. По завршувањето на програмата тие се посреќни во својот живот, поздрави и по­продуктивни.“ - Лекар, САД

„Јас бев меди­цински советник во Нарконон 15 години. Во текот на последната де­ценија ги проу­чував резултатите постигнати со при­мена на детокси­кацискиот метод развиен од Л. Рон Хабард, кој вклучува витамини, потење во сауна и вежбање, кои се дел од програмата на Нарконон. Учесниците во Нарконон со историја на умерена или крајно тешка злоупотреба на дроги, покажаа зна­чителен нап­редок во будноста, јасноста на мислата и општа здрав­ствена сос­тојба по овој третман. Повеќето од нив известуваат за на­малување на нивната желба за дроги или алкохол. Публикувани научни студии за тех­никата, покажале дека таа е успешна во редуцирање на кон­центрацијата на раз­лични отрови и загадувачи во ткивата, и искрено ја препорачувам нејзината постојана употреба како ефикасна алатка во третманот на зависности.“ “ - Лекар, Канада

Посветив многу години на тешката задача на рехабилитирање од злоупотреба на дроги. Проучував најразлични системи за рехабили­тација и заклучив дека ние поседуваме це­лосно функционална програма преку Нарконон. Повторно и повторно, гледав за­висници од дрога како одат во Нарконон и оттаму излегуваат ослободени од дрогите.“ - Лекар, САД


Пофалница од групацијата Лондонски весник за Програмата на Нарконон
Пофалница од групацијата Лондонски весник за Програмата на Нарконон

„Во нашето општество вообичаено нема добри вести за борбата со последиците од злоупотреба на алкохол и останати дроги. Среќен сум што можам да кажам дека Нарконон е добра вест. Ве поттикнувам да ја разгледате внимателно и да ја земете во предвид за употреба.“ - Лекар, САД

ПОЛИЦИЈА

„Вашата програма ги надминува сите останати во областа на едукацијата за дроги и познавањето на психичките и физичките влијанија на дрогите врз телото. Начинот на кој Нарконон се претставува пред луѓето со вакви тешкотии е исклучителен.“ “ - Полициски капетан и командир,САД

„Програмата на Нар­конон ги симнува за­висниците од дрога без користење на каква било замена за дрогата. Ова е од големо значење би­дејќи вие имате програма која доведува до осло­бодување од дроги, повторно зближување на семеј­ствата и справување со кри­миналот на улиците. Ја поддржувампрограмата на Нар­конон и ве повикувам и вие да го сторите тоа.“ - Заменик ко­мандир на тим


Пофалница од владата на Непал за Програмата за рехабилитација од дроги на Нарконон
Пофалница од владата на Непал за Програмата за рехабилитација од дроги на Нарконон

ЛИДЕРИ ВOЗAEДНИЦAТA

„Вашата програма уште еднаш ми помогна зашто ми спаси многу вреден работник со проблеми со алкохол и дрога. Ова ретко се случува во нашата компанија, но кога ќе се случи мило ни е што сте тука. Оваа личност беше техничар кој добро си ја знаеше работата, но почна да си ги уништува работните односи поради проблемот со алкохолот, а потоа и со дрогата. Затоа, пред да опадне квалитетот, го испративме во Нарконон. Неговиот проблем се разреши и неговиот квалитет и свесност се пак тука.“ - Извршен директор, САД

„Знам од прва рака дека технологијата на Л.  Рон Хабард што ја користи Нарконон Ароухед е најефективниот можен метод. Со нетрпение очекувам да работам со Нарконон Ароухед во иднина.“ - Извршен директор на cиндикат, САД

„Програмата на Нарконон има 50-годишно искуство во реха­билитација од дрога и едукација ширум светот. Горд сум што се спријателив со ваква организација која има спасено толку многу животи и има помогнато на неброени поединци да станат стабилни и ослободени од дрога, етични и продуктивни членови на општеството.“ - Прет­седател и менаџер на не­профитна oрга­низација, САД

„Го пишувам ова писмо засновано на четиригодишно ис­куство како обви­нител за дрога во Фе­дералното Минис­терство за правда и 13 години во Региo­налниот суд на оваа област. Според моето мислење една од малкуте фун­кционални ор­ганизации успешни во реха­билитација на за­висници од хероин, е Нарконон. Секоја поддршка која оваа група може да ја добие од јавно финан­сирање, спо­ред мене ќе биде многу вредна.“ “ - Ре­гиoнален судија, Канада

Recognitions