Како и кај секоја друга програма за рехабилитација од дроги, така и кај оваа поединечните резултати може да се разликуваат едни од други.
|
|||
Што велат дипломците | Што велат семејствата на дипломците | Објави |
„Ми го спаси животот"
Дипломец на Нарконон
Либерти Б.
Пред да дојдам во Нарконон бев за никаде. Користев опијати. Почнав само со голтање на таблети а потоа стигнав и до степен кога ги шмркав — секој ден, цел ден. Ќе се разбудев со потреба за нив. Секој ден си велев дека ова е последен пат.
Си ги изгубив децата и семејството, но најважно од сè, се изгубив себеси.
Откако дојдов во Нарконон, ова место ме симна од дрогата и дефинитивно ми требаше помош, бидејќи не можев сама. А ова место ми го спаси животот — буквално.
Го немам повеќе гласот во главата кој велеше, „Еј, пак ќе земеш“. Повеќе го немам тоа. Можам да живеам живот, а претходно не можев да го правам тоа.
Ова место не ве учи само како да се симнете од дрогата, ве учи како повторно да го живеете животот.
Јас сум среќна, и можам да бидам слободна, да живеам и да уживам во животот. Ги имам децата, го имам семејството и се имам себеси.