Услови за користење
Прифаќање на условите за користење
Со следните Услови за користење се регулира вашето користење на интернет страницата на Narconon International (“Narconon Int”). Ве молиме внимателно прочитајте ги овие Услови за користење. Со користење на оваа интернет страница Вие се согласувате да се придржувате до сите услови. Доколку не се согласувате со еден или повеќе од овие услови или на кој било начин ги сметате за неприфатливи, ве молиме немојте да пристапувате или да ја користите нашата интернет страница.
Овој Договор е поделен на два дела. Во првиот дел се објаснети сите услови со кои се регулира Вашето користење на оваа интернет страница. Вториот дел содржи дополнителни законски одредби, вклучувајќи и одредби со кои се ограничува нашата одговорност кон вас и со кои се наложува поединечна арбитража за сите можни правни спорови. За да ја користите нашата интернет страница, вие мора да ги прифатите сите услови содржани во овие Услови за користење.
Измени на Условите за користење
Ние имаме право во секое време да ги измениме или дополниме условите содржани во овие Услови за користење преку објавување на изменетите Услови за користење на оваа интернет страница. Секое користење на оваа интернет страница по нашето објавување на сите такви измени ќе значи ваше прифаќање на изменетите Услови за користење. Но, секој Спор кој настанал пред измената, ќе биде регулиран согласно Условите за користење (вклучувајќи ја и обврзувачката клаузула за поединечна арбитража) кои постоеле кога Спорот настанал.
Прв дел: Услови со кои се регулира користењето на интернет страницата
Итни случаи
ОВАА ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦА НЕ ПРЕТСТАВУВА СЛУЖБА ЗА БРЗА ПОМОШ ИЛИ СЛЕДЕЊЕ И АЛАРМИРАЊЕ ВО ИТНИ СЛУЧАИ, И СЕКОЈА ЛИЧНОСТ КОЈА ЗНАЕ ЗА НЕКОЈ ИТЕН СЛУЧАЈ ИЛИ ВЕРУВА ДЕКА ДАДЕНА ЛИЧНОСТ МОЖЕ ДА Е ВО ОПАСНОСТ ОД ПОВРЕДА ИЛИ СМРТ ИЛИ МОЖЕ ДА СЕ ПОВРЕДИ САМАТА ИЛИ НЕКОЈА ДРУГА ЛИЧНОСТ ТРЕБА ДА СЕ ЈАВИ НА ТЕЛЕФОНСКИОТ БРОЈ „192“ ИЛИ ДА ПОВИКА НЕКОЈА ДРУГА СООДВЕТНА СЛУЖБА ЗА БРЗА ПОМОШ. NARCONON INT НЕМА НИКАКВА ОБВРСКА ДА ГИ СЛЕДИ ИЛИ ДА ОДГОВАРА НА ПОРАКИТЕ ИСПРАТЕНИ ДО ОВАА ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦА.
Ограничувања на возраст
Оваа интернет страница е наменета и соодветна само за поединци кои имаат 18 или над 18 години. Дел од содржините на оваа интернет страница може да не се соодветни за деца. Не е дозволено користење на оваа интернет страница од страна на деца кои се помали од 13 години. Наша препорака е децата кои се на возраст помеѓу 13 и 17 години да побараат дозвола од нивните родители или старатели пред да ја посетат нашата интернет страница. Narconon Int со ова се оградува од секаква одговорност за користење на интернет страницата од страна на поединци кои се помлади од 18 години.
Информациите на оваа интернет страница не претставуваат стручна помош
Сите податоци, информации, текстови, слики, линкови и други материјали на оваа интернет страница се дадени со цел овозможување на практичност на посетителите на нашата интернет страница. Информациите кои се дадени на оваа интернет страница се исклучиво за општо информативни и едукативни цели. Информациите кои се дадени на нашата интернет страница не се наменети да служат како медицинска или друг вид на стручна помош и истите не треба да се користат за дијагностицирање или лекување на каква било состојба или симптом. Информациите кои се дадени на оваа интернет страница не претставуваат обезбедување или давање на медицински или стручни совети или услуги за здравствена заштита.
За сите конкретни прашања кои ги имате, вие треба да разговарате со вашиот лекар или некој друг квалификуван давател на здравствени услуги. Никогаш не треба да занемарите стручна помош или да одложите барање на лекување врз основа на информациите кои се дадени на оваа интернет страница или на други поврзани интернет страници.
Ограничување на користењето
Вие можете да ја користите оваа интернет страница само до оној степен до кој ги почитувате сите закони, правила и прописи кои важат за вашето користење на оваа интернет страница.
Вашата приватност
Со прифаќање на овие Услови за користење вие потврдувате дека сте го прочитале, разбрале и прифатиле нашето интернет Известување за користење на личните податоци.
Социјални мрежи и интернет заедници
Narconon Int може да ви даде можност да споделувате информации на платформи или социјални мрежи на трети страни како што се Facebook, Instagram, LinkedIn, Twitter, Google+, или други слични страници (заедно: „Социјални мрежи“). Narconon Int може исто така да Ви даде можност да учествувате во интернет заедници на таквите социјални мрежи и може да организира дискусии, разговори и други форуми на оваа интернет страница. На пример, вие може да го искористите вашиот профил на Инстаграм и да ги означите вашите слики и објави („Означени содржини“) со графичката ознака #нарконон (или со други такви графички ознаки, кои би можеле да ви ги обезбедиме од време на време) со цел да ги доставите вашите Означени содржини за можно објавување на нашата интернет страница. Доколку објавите Означена содржина со графичката ознака #нарконон (или со други графички ознаки кои ние ќе ги обезбедиме), вашата активност и учество ќе се регулираат со овие Услови за користење. Дополнително, вие самите сте одговорни за вашето исполнување на други важечки услови и одредби како, на пример, тие на Инстаграм или други социјални мрежи. Не доведувајќи ги во прашање сите други обврски, Вие се согласувате дека ќе ги почитувате другите и нивната приватност и дека нема да доставувате слики од други луѓе без нивна изречна согласност.
Доколку учествувате во каква било Narconon Int интернет заедница, дискусија или друг форум на (НАРКОНОН), вие се согласувате дека сè што ќе објавите ќе биде објавено доброволно, дека не е од доверлива природа и дека за истото вам не ви следи каков било надоместок, и вие му ги давате на Narconon Int правото и дозволата за користење, копирање, дистрибуирање, изменување, и користење за креирање на заеднички и изведени содржини од вашите содржини, објави и Означени содржини во која било форма и тоа право и дозвола се трајни, може да се користат ширум целиот свет, без тантиеми, и може да се пренесуваат и доделуваат на трети страни. Исто така се согласувате дека (а) нема да објавувате, пренесувате или да се поврзувате со кои било други материјали, интернет страници, Означени содржини или други информации или содржини кои содржат клевета, се погрдни, лажни, навредливи, непристојни, вулгарни, насилни, опасни, заканувачки, злоупотребувачки, дискриминаторски или кои претставуваат изразување на политички говор или говор на омраза; (б) можете да објавувате, прикачувате или пренесувате само слики или материјали за кои вие ги имате авторските права или друга дозвола за електронска дистрибуција на истите, притоа наведувајќи го оригиналниот извор; (в) не смеете да ги злоупотребите, да ги ископирате и да ги претставите како свои или да ги прекршите правата на трети лица, вклучувајќи ги авторските права, трговската марка, трговската тајна, приватноста, личните, јавните, моралните и сопственичките права; (г) секоја Означена содржина или материјали кои ќе ги објавите или прикачите ќе бидат во ваша лична сопственост или ќе бидат јавно познати; (д) не смеете намерно да објавувате, создавате, прикачувате или пренесувате каква било програма или друг вид на материјал кој содржи вирус или други штетни шифри или шеми; (ѓ) не смеете да повикувате други корисници да користат производи или услуги, или да дистрибуирате рекламни материјали за производи и услуги преку интернет страницата, ниту да дистрибуирате писма или пораки кои треба да им бидат испратени на повеќе луѓе, масовна пошта или масовни електронски пораки или други видови на масовни пораки, ниту да собирате адреси за електронска пошта со цел на другите корисници на интернет страницата да им испраќате масовна електронска пошта или други пораки; (е) доколку одберете да доставите Означена Содржина или да објавите материјали во делови од интернет страницата наменети за јавноста или за дискусија, таквите материјали, информации, фотографии и други податоци кои ќе ги објавите во овие јавни или групни делови ќе им бидат достапни на другите поединци кои ја користат интернет страницата и Narconon Int нема да гарантира или на каков било друг начин да преземе чекори за да ги спречи другите корисници од копирање, прикажување, прикачување, пренесување или на кој било друг начин користење на вашите материјали, информации, фотографии или други податоци за какви било цели; (ж) секогаш ќе бидете претпазливи кога објавувате податоци со кои може да се одреди идентитетот на определена личност и никогаш нема да разменувате лични финансиски податоци, адреси, телефонски броеви или други лични податоци; (з) нема да објавувате какви било материјали со кои се прекршува кој било закон или пропис; (ѕ) нема да се претставувате како некоја друга личност, ниту пак ќе го користите идентитетот на некое друго живо лице; и (и) вашите објави ќе го одразуваат вашето лично искуство на точен и вистински начин.
Narconon Int може да го прекине или ограничи вашиот пристап до која било Narconon Int интернет заедница на (НАРКОНОН), вклучувајќи и пристап преку интернет страницата.
Одбирање и отстранување на Означени содржини
Narconon Int ќе ги прегледа Означените содржини и ќе одбере одредени Означени содржини за да ги објави истите на нашата интернет страница; ние не гарантираме дека вашите Означени Содржини ќе бидат објавени. Без оглед на погоренаведеното, вие сте целосно одговорни за вашите Означени Содржини и нивната усогласеност со овие Услови за користење, други важечки услови за користење и важечки закони. Доколку вашата Означена Содржина е објавена на нашата интернет страница, вие може да побарате отстранување на вашата Означена Содржина со тоа што истата ќе ја означите како „приватна“ на вашиот профил на Социјалните Мрежи или со тоа што ќе ни испратите електронска порака на info@narconon.org.
Следење
Ние немаме обврска да следиме какви било поврзани интернет страници, разговори, дискусии или какви било други материјали кои вие или трети страни ги пренесувате или објавувате на интернет страницата или на поврзани интернет страници, доколку постојат такви. Сепак, вие потврдувате и се согласувате дека ние имаме право (но не и обврска) да ја следиме интернет страницата, дискусиите, разговорите и материјалите кои вие ги пренесувате или објавувате; да го менуваме или отстраниме секој таков материјал (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на каква било објава во разговор или дискусија); и да ги обелоденуваме таквите материјали и околностите поврзани со нивниот пренос на кои било трети страни со цел да обезбедиме правилно работење на интернет страницата, да се заштитиме себеси, нашите спонзори и нашите останати клиенти и посетители, и да се придржуваме до сите законски обврски или државни барања.
Известување за авторско право
Ова интернет страница е во сопственост и со неа управува Narconon Int. Целата содржина и дизајн на страницата се заштитени со меѓународниот закон и законот на САД за авторско право. Сите права поврзани со интернет страницата и материјалите кои интернет страницата ги содржи или се во сопственост на Narconon Int, за истите има добиено лиценца, или истите се користат со претходно добиена дозвола. Narconon Int и неговите даватели на лиценци ги задржуваат сите права на сопственост во однос на содржината на оваа интернет страница.
Забрането е копирање, повторно објавување, прикачување, објавување, прикажување, пренесување или укажување на кој било од овие материјали без претходно добиена писмена согласност од Narconon Int. Можете да се поврзете, да гледате, спуштате, користите, прикажувате или печатите по еден примерок од материјалите кои се наоѓаат на оваа интернет страница само за лични, некомерцијални и информативни цели сè додека: (2) на каков било начин не ги менувате материјалите; (2) ги вклучувате сите важечки авторски права, трговски марки и останати известувања и изјави за одрекување од одговорност; и (3) не ги користите материјалите на начин кој укажува на поврзаност со Narconon Int или негов поврзан субјект. Сите такви примероци мора најмалку да го вклучуваат следното известување за авторски права: „Copyright ©
Повреда на авторските права - известување за Законот за заштита на авторските права во дигиталното доба
Законот за заштита на авторските права во дигиталното доба (The Digital Millennium Copyright Act или „DMCA“) им обезбедува средства за заштита на сопствениците на авторски права кои имаат оправдана причина да веруваат дека материјалот кој се појавува на интернет претставува кршење на нивните права согласно Законот за авторски права. Доколку имате оправдана причина да верувате дека дадена содржина или материјал на оваа интернет страница повредува важечки авторски права кои се во Ваша сопственост, тогаш Вие (или Вашиот претставник) може да му испрати на Narconon Int известување со кое бара материјалот да биде отстранет или да биде забранет пристапот до истиот. Ова барање треба да се испрати на copyright@narconon.org; или на Narconon International Булевар Холивуд бр.7065, 90028 Лос Анџелес, Калифорнија, САД
Известувањето мора да ги вклучува следните податоци: (а) физички или електронски потпис на лицето кое е овластено да делува во име на сопственикот на ексклузивното право кое наводно е повредено; (б) утврдување на делото кое е заштитено со авторски права за кои се тврди дека се повредени; (в) утврдување на материјалот за кој се тврди дека претставува повреда или дека е предмет на повреда; (г) име, адреса, телефонски број и адреса за електронска пошта на страната која ја поднесува жалбата; (д) изјава дека страната која ја поднесува жалбата оправдано верува дека користењето на материјалот на дадениот начин не е овластено од страна на сопственикот на авторското право, неговиот претставник или законот; и (ѓ) изјава дека податоците во известувањето се точни, под закана од казна за лажно изјавување, и дека страната која ја поднесува жалбата е овластена да постапува во име на сопственикот на ексклузивното право кое наводно е повредено. Доколку оправдано верувате дека против вас е неправедно поднесено известување за повреда на авторски права, Законот за заштита на авторските права во дигиталното доба Ви дозволува да ни испратите повратно известување. Известувањата и повратните известување мора да ги исполнуваат тековните законски барања наметнати со Законот за заштита за авторските права во дигиталното доба. Известувањата и повратните известувања кои се однесуваат на интернет страницата треба да се испраќаат на погоренаведената адреса.
Известување за трговска марка
Narconon Int Имињата и логоата на (НАРКОНОН) и сите имиња, ознаки за дизајн и слогани на поврзани производи и услуги се трговски или услужни марки на Narconon Int. Сите права се задржани. Вие не сте овластени да го користите кое било Narconon Int име или ознака на (НАРКОНОН) во која било реклама или огласување или на кој било друг комерцијален начин без претходно добиена писмена согласност од Narconon Int. Сите останати трговски марки кои се појавуваат на интернет страницата се сопственост на нивните соодветни сопственици.
Интернет продавница
Narconon Int не е одговорен за содржината на кои било производи освен оние кои се конкретно објавени од страна на (НАРКОНОН) Narconon Int и не гарантира дека кој било производ е моментално достапен, соодветен за продажба или соодветен за дадена цел.
Купување
Одредени книги, производи, услуги или други артикли може да бидат рекламирани или да се продаваат на интернет страницата или во соработка со неа. Доколку сакате да купите даден артикл, од вас може да биде побарано, од страна на Narconon Int или соодветна трета страна, да дадете одредени податоци, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на податоците од кредитна картичка или друг начин на плаќање. Вие се согласувате да му дадете на Narconon Int или на таквата трета страна податоци кои се вистинити, точни, целосни и важечки, и да ги исполните условите и одредбите од кој било договор кој ќе го склучите, а кој се однесува на Вашето купување на кој било производ или услуга. Narconon Int не е одговорен за какви било грешки во податоците за испорака кои Вие сте ги дале или за небезбедната адреса за испорака. Вие сте одговорни за сите активности и трошоци направени од корисниците на Вашата сметка, кредитна картичка или друг начин на плаќање, како и за плаќање на сите важечки даноци. Секоја цена на производите може да се промени без претходно известување, и која било нарачка нема да се смета за прифатена од наша страна, сè додека не Ви го/ги испорачаме производот/производите. Во секое време, вклучувајќи и после испорака, можеме да ги измениме цените или слични грешки, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на печатни грешки или застарени цени.
Го задржуваме правото, без претходно известување, да ги менуваме описот, сликите или листите, или линковите или упатувањата до производите и/или услугите на интернет страницата (заедно: „Понуда на производи“), или да ја ограничиме количината на нарачката на кој било производ или услуга и/или да одбиеме да Ве услужиме.
Безбедност
Ние имаме спроведено административни, технички и физички мерки за безбедност изработени со цел да ги заштитат Вашите лични податоци од несакана загуба и од неовластен пристап, користење, измена или обелоденување. Сепак, не можеме да гарантираме дека дадени неовластени трети лица никогаш нема да можат да ги заобиколат овие мерки или да ги искористат Вашите лични податоци за несоодветни цели. Вие потврдувате дека своите лични податоци ги давате на Ваш сопствен ризик.
Втор дел: Дополнителни законски одредби
Изјави и гаранции
Вие нам ни изјавувате и ни гарантирате дека: (а) имате најмалку осумнаесет (18) години; и дека (б) Вашето користење на оваа интернет страница ќе биде во согласност со овие Услови за користење.
Непостоење на гаранции
КОРИСТЕЊЕТО НА ОВАА ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦА Е НА ВАШ СОПСТВЕН РИЗИК. ДО МАКСИМАЛНИОТ СТЕПЕН КОЈ ВАЖЕЧКИТЕ ЗАКОНИ ГО ДОЗВОЛУВААТ, ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦАТА И УСЛУГИТЕ СЕ ОБЕЗБЕДУВААТ БЕЗ КАКВИ БИЛО ГАРАНЦИИ, ИЗРЕЧНИ ИЛИ ПРЕМОЛЧАНИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ, НО НЕ ОГРАНИЧУВАЈЌИ СЕ НА ПРЕМОЛЧАНИ ГАРАНЦИИ ЗА ПОГОДНОСТ ЗА ПРОДАЖБА, ПОГОДНОСТ ЗА ОПРЕДЕЛЕНА ЦЕЛ, ИЛИ НЕПОВРЕДУВАЊЕ. НИТУ ЕДЕН СОВЕТ ИЛИ ИНФОРМАЦИЈА, ВО ГОВОРНА ИЛИ ПИШАНА ФОРМА, КОЈА ВИЕ СТЕ ЈА ДОБИЛЕ ОД NARCONON INT ИЛИ ПРЕКУ ОВАА ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦА НЕМА ДА ПРЕТСТАВУВА КАКВА БИЛО ГАРАНЦИЈА ОСВЕН АКО ИСТОТО НЕ Е ИЗРЕЧНО НАВЕДЕНО ТУКА. БЕЗ ОГЛЕД НА ПОГОРЕНАВЕДЕНОТО, NARCONON INTНЕГОВИТЕ ОПЕРАТОРИ, СНАБДУВАЧИ, ДАВАТЕЛИ НА ЛИЦЕНЦИ (И НИВНИТЕ СООДВЕТНИ ПОДРУЖНИЦИ, ПОВРЗАНИ ДРУШТВА, ПРЕТСТАВНИЦИ, ДИРЕКТОРИ И ВРАБОТЕНИ) НЕ ГАРАНТИРААТ ДЕКА СОДРЖИНАТА Е ТОЧНА, ВЕРОДОСТОЈНА ИЛИ ИСПРАВНА; ДЕКА ОВАА ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦА ЌЕ ГИ ЗАДОВОЛИ ВАШИТЕ БАРАЊА; ДЕКА ОВАА ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦА ЌЕ БИДЕ ДОСТАПНА ВО КОЕ БИЛО ОДРЕДЕНО ВРЕМЕ ИЛИ МЕСТО, НЕПРЕКИНАТО И БЕЗБЕДНО; ДЕКА КОИ БИЛО ДЕФЕКТИ ИЛИ ГРЕШКИ ЌЕ БИДАТ ПОПРАВЕНИ; ИЛИ ДЕКА ОВАА ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦА Е БЕЗ ВИРУСИ ИЛИ ДРУГИ ШТЕТНИ ЕЛЕМЕНТИ. СЕКОЈА СОДРЖИНА СПУШТЕНА ИЛИ ПОИНАКУ ДОБИЕНА ПРЕКУ КОРИСТЕЊЕ НА ОВАА ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦА Е СПУШТЕНА НА ВАШ СОПСТВЕН РИЗИК И ЕДИНСТВЕНО ВИЕ ЌЕ БИДЕТЕ ОДГОВОРНИ ЗА КАКВА БИЛО ШТЕТА НА ВАШАТА СОПСТВЕНОСТ ИЛИ ГУБЕЊЕ НА ПОДАТОЦИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ТАКВОТО СПУШТАЊЕ.
NARCONON INT НЕ ГАРАНТИРА, ПОДДРЖУВА, НИТУ ПРЕЗЕМА ОДГОВОРНОСТ ЗА КОЈ БИЛО ПРОИЗВОД ИЛИ УСЛУГА РЕКЛАМИРАНИ ИЛИ ПОНУДЕНИ ОД ТРЕТИ СТРАНИ ПРЕКУ ОВАА ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦА ИЛИ КАКВА БИЛО ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦА ИЛИ УСЛУГА ПОВРЗАНА СО ХИПЕРЛИНК, ИЛИ ПРОИЗВОД ИЛИ УСЛУГА ДАДЕНИ НА КАКОВ БИЛО РЕКЛАМЕН НАТПИС ИЛИ ДРУГА ФОРМА НА РЕКЛАМИРАЊЕ, И NARCONON INT НЕМА ДА БИДЕ СТРАНА ВО КАКВА БИЛО ТРАНСАКЦИЈА ИЛИ НА КАКОВ БИЛО НАЧИН ДА СЛЕДИ КАКВА БИЛО ТРАНСАКЦИЈА ПОМЕЃУ ВАС И ТРЕТИ СТРАНИ КОИ СЕ ДАВАТЕЛИ НА ПРОИЗВОДИ ИЛИ УСЛУГИ.
Изземање од одговорност
СО ПОСЕТА НА ОВАА ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦА, ВИЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДА ГО ОБЕСШТЕТИТЕ, ОДБРАНИТЕ И ОСЛОБОДИТЕ ОД ОДГОВОРНОСТ NARCONON INT, И СИТЕ ПОВРЗАНИ NARCONON INT ДРУШТВА, НИВНИТЕ РАКОВОДИТЕЛИ, ДИРЕКТОРИ, ВРАБОТЕНИ, ПРЕТСТАВНИЦИ И ЗАСТАПНИЦИ (ЗАЕДНО „NARCONON INT СТРАНИ“) ОД И ПРОТИВ СИТЕ ПОБАРУВАЊА, ТУЖБИ, БАРАЊА, ОДГОВОРНОСТИ, ОДЛУКИ, ПРЕСУДИ, СПОГОДБИ, ИЗДАТОЦИ, ЗАГУБИ, ШТЕТИ, ДАНОЧНИ РЕВИЗИИ, КАЗНИ, НАДОМЕСТОЦИ И ТРОШОЦИ (ВКЛУЧУВАЈЌИ, БЕЗ НИКАКВО ОГРАНИЧУВАЊЕ, РАЗУМНИ ТРОШОЦИ ЗА АДВОКАТИ) КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД СИТЕ ПОБАРУВАЊА ЗА НАДОМЕСТ НА ДИРЕКТНИ, ИНДИРЕКТНИ, СЛУЧАЈНИ, ПОСЛЕДИЧНИ, ПОСЕБНИ, МОРАЛНИ, КАЗНЕНИ ИЛИ КАКВИ БИЛО ДРУГИ ШТЕТИ КОИ МОЖАТ ДА ВИ СЕ СЛУЧАТ ВО ВРСКА СО ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ НА ОВАА ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦА, ВКЛУЧУВАЈЌИ, БЕЗ НИКАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА, КАКВИ БИЛО ТВРДЕЊА ЗА КЛЕВЕТА, ПОВРЕДА НА ЈАВНОСТА ИЛИ ПРИВАТНОСТА, КРШЕЊЕ НА АВТОРСКИТЕ ПРАВА ИЛИ ТРГОВСКИ МАРКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ВАШЕТО ДОСТАВУВАЊЕ НА КАКВИ БИЛО СОДРЖИНИ, ОЗНАЧЕНИ СОДРЖИНИ ИЛИ ДРУГИ МАТЕРИЈАЛИ, КАКВА БИЛО ЕКОНОМСКА ШТЕТА, ЗАГУБЕНА ЗАРАБОТКА, ШТЕТА ПО БИЗНИСОТ, ПОДАТОЦИТЕ ИЛИ КОМПЈУТЕРСКИТЕ СИСТЕМИ, ИЛИ КАКВИ БИЛО ШТЕТИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД КОРИСТЕЊЕ НА КАКВА БИЛО СОДРЖИНА ИЛИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД КАКВИ БИЛО ПРЕКИНИ, ПРЕКИНИ НА РАБОТЕЊЕТО, РАСИПУВАЊЕ НА КОМПЈУТЕРИ, БРИШЕЊЕ НА ДАТОТЕКИ, ГРЕШКИ, ПРОПУСТИ, НЕТОЧНОСТИ, ДЕФЕКТИ, ВИРУСИ, ЗАДОЦНУВАЊА ИЛИ КАКВИ БИЛО ДРУГИ ГРЕШКИ, ДУРИ И АКО ПРЕТХОДНО СТЕ ГО ПРЕДУПРЕДИЛЕ NARCONON INT ЗА МОЖНОСТА ОД ТАКВОТО ПОБАРУВАЊЕ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА.
Ограничување на одговорност
ДОКОЛКУ СТЕ НЕЗАДОВОЛНИ СО ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦАТА И КОИ БИЛО ОД НЕЈЗИНИТЕ УСЛУГИ, ЕДИНСТВЕНОТО РЕШЕНИЕ Е ДА ПРЕСТАНЕТЕ ДА ЈА КОРИСТИТЕ ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦАТА ИЛИ УСЛУГИТЕ. ВИЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА, ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ, НИТУ ЕДНА ОД NARCONON INT СТРАНИТЕ НА (НАРКОНОН) НЕМА ДА БИДЕ ОДГОВОРНА ЗА КАКВА БИЛО ШТЕТА КОЈА ПРОИЗЛЕГУВА ОД ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ ИЛИ НЕМОЖНОСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ОВАА ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦА ИЛИ МАТЕРИЈАЛИТЕ НА ОВАА ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦА. ОВАА ЗАШТИТА ГИ ПОКРИВА СИТЕ ПОБАРУВАЊА ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА КОИ СЕ ЗАСНОВААТ НА ГАРАНЦИЈА, ДОГОВОР, ДЕЛИКТ, ОБЈЕКТИВНА ОДГОВОРНОСТ (БЕЗ ОГЛЕД НА ВИНА), И СИТЕ ДРУГИ ВИДОВИ НА ПРАВНА ОСНОВА. ОВАА ЗАШТИТА ГИ ПОКРИВА СИТЕ ЗАГУБИ И ПОБАРУВАЊА ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТИ ОД КАКОВ БИЛО ВИД ВКЛУЧУВАЈЌИ, БЕЗ НИКАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА, ДИРЕКТНИ ИЛИ ИНДИРЕКТНИ, ПОСЕБНИ, СЛУЧАЈНИ, КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ПОТПИРАЊЕ ВРЗ НЕЧИЈА ИЗЈАВА, ПОСЛЕДИЧНИ, МОРАЛНИ И КАЗНЕНИ ШТЕТИ, ЛИЧНА ПОВРЕДА/УБИСТВО ПОРАДИ ПОГРЕШНО ОДНЕСУВАЊЕ, ЗАГУБЕНА ЗАРАБОТКА, ИЛИ ШТЕТИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАГУБЕНИ ПОДАТОЦИ ИЛИ ПРЕКИН ВО ДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ.
Спорови
Доколку настане каков било спор, ние сакаме да го разбереме и решиме Вашето несогласување брзо и на начин на кој Вие ќе бидете задоволни. Ве молиме да стапите во контакт со info@narconon.org за каков било спор. Доколку не можеме да го решиме несогласувањето, ќе се согласиме на неформална и економична постапка за поединечно арбитражно разрешување на спорот. „Споровите“ помеѓу вас и Narconon Int, вклучувајќи ги и неговите оператори, снабдувачи или даватели на лиценци или нивните соодветни поврзани друштва, претставници, директори или вработени, се дефинираат за потребите на овие Услови за користење и истите го вклучуваат секое побарување на надомест за штета, несогласување или спор (без оглед на тоа дали се заснова на договор, деликт, праведна, законска или каква било друга правна основа) помеѓу вас и Narconon Int вклучувајќи, но не ограничувајќи се на какви било побарувања за надомест на штети кои на каков било начин се поврзани со овие Услови за користење (вклучувајќи нивно прекршување, прекинување или толкување), кој било друг аспект на нашиот однос, Narconon Int рекламирање, и какво било користење на Narconon Int услуги.
Обврзувачка поединечна арбитража
Вие и Narconon Int се согласувате дека сите Спорови ќе ги решавате по пат на арбитражна постапка. Арбитражната постапка е помалку формална од судска постапка и целта на истата е побрзо решавање на споровите. Наместо судија или порота, за случајот ќе одлучува неутрален арбитер кој има надлежност да додели исто обесштетување како и судот. СОГЛАСНО ОВОЈ ДОГОВОР, СЕКОЈА АРБИТРАЖНА ПОСТАПКА ЌЕ СЕ ИЗВЕДУВА НА ПОЕДИНЕЧНА ОСНОВА; НЕ СЕ ДОЗВОЛЕНИ ГРУПНИ АРБИТРАЖНИ ПОСТАПКИ, ГРУПНИ ТУЖБИ, ТУЖБИ ОД „ЈАВЕН ИНТЕРЕС“ ПОДНЕСЕНИ ПРЕКУ ПРИВАТЕН АДВОКАТ, НИТУ ПАК СОЕДИНУВАЊЕ СО ДРУГИ АРБИТРАЖНИ ПОСТАПКИ, И СО ТОА СЕ ОДРЕКУВАТЕ ОД ВАШЕТО ПРАВО ЗА ВАШИОТ СЛУЧАЈ ДА ОДЛУЧУВА ПОРОТА И ДА УЧЕСТВУВАТЕ ВО ГРУПНА ТУЖБА ПРОТИВ NARCONON INT. Доколку се утврди дека некоја одредба од овој договор за арбитража е неизвршна, неизвршната одредба ќе биде прогласена за ништовна, а преостанатите одредби за арбитража ќе бидат извршени (но, во никој случај нема да постои одредба за групна арбитражна постапка). Сите спорови ќе бидат конечно и исклучиво разрешени по пат на обврзувачка поединечна арбитража од страна на еден арбитер назначен од Американската асоцијација за арбитража (www.adr.org) или дадена компанија за арбитража и услуги за посредување, согласно оваа одредба и важечките правила за арбитража за тој суд. Потрошувачите кои тужат (поединците чијашто трансакција е наменета за лична, семејна или домашна употреба) може да изберат своите тужби да ги поднесат во нивните локални судови за спорови со мал материјален интерес наместо да започнуваат арбитражна постапка. Законот за арбитража на САД, Устав на САД 9, точка 1-16 важи во целост. Доколку Вие сте потрошувач кој поднесува тужба поврзана со лична, домашна или семејна употреба, секое сослушување за арбитражна постапка ќе се врши во општината или областа во која живеете. Во спротивно, сите сослушувања за арбитражната постапка ќе се вршат во Лос Анџелес, Калифорнија, или на друго место кое ќе биде заеднички договорено или на место назначено од страна на арбитерот. Одлуката на арбитерот ќе биде обврзувачка за страните и истата може да биде заведена како одлука во кој било надлежен суд. Доколку биде пресудено во Ваша корист за која било тужба за која законски имате право на надомест за адвокат, тогаш тие средства може да Ви бидат вратени од страна на арбитерот. За секоја тужба во која Вие барате обештетување, Narconon Int нема да бара од вас да ги платите нивните трошоци за адвокат, иако во други околности тоа би било задолжително, освен ако арбитерот не одлучи дека Вашата тужба била неоснована. За целите на оваа одредба од договорот за арбитража, секое упатување на вас и Narconon Int исто така ги вклучува соодветните подружници, поврзани друштва, застапници, вработени, претходници, следбеници и овластени лица. Согласно на и без одрекување од погоренаведените одредби од договорот за арбитража, Вие се согласувате сите правни постапки (со исклучок на постапките со мал материјален интерес во случаи поврзани со потрошувачи) да се донесуваат пред државните судови на градот и округот Лос Анџелес, Калифорнија или федералниот суд за централниот округ на Калифорнија, а со тоа се согласувате на исклучивата надлежност и место на одржување на судските постапки на овие судови.
Надлежност и место на одржување на судските постапки
Информациите дадени на интернет страницата на Narconon Intне се наменети за корисници во која било конкретна област, ниту се наменети за деловно работење во која било јурисдикција.
Оваа интернет страница е услуга обезбедена од страна на Narconon Int и истата не претставува каква било поврзаност со која било јурисдикција надвор од државата Калифорнија. Користењето на оваа интернет страница е забрането во која било јурисдикција во која владеат закони кои би го поништиле овој Договор во целост или кои би поништиле суштински дел од истиот или согласно кои пристапувањето до интернет страницата е незаконско. Корисниците во таквите јурисдикции ја посетуваат и користат оваа интернет страница целосно на свој сопствен ризик. Забелешка: суштинските делови од овој Договор ги вклучуваат, без ограничување, одредбите за исклучиво место за одржување на судска постапка и исклучиви правни лекови, како и одрекување од гаранции.
Овој Договор се склучува и истиот е правосилен во државата Калифорнија, Соединети Американски Држави. Истиот се уредува и толкува согласно законите на државата Калифорнија, не вклучувајќи го кој било избор на закони или противречност на законски одредби. За секоја тужба или постапка која директно или индиректно произлегува од овој Договор или која се однесува на државата Калифорнија, секоја страна неотповикливо подлежи на исклучивата лична надлежност на Окружниот суд на државата Калифорнија, кој се наоѓа во округот Лос Анџелес, Калифорнија или на Судот на Соединетите Држави за округот на Калифорнија. Секоја страна се одрекува од правото на поднесување на приговор за надлежноста на судот или несоодветноста на местото за одржување на судската постапка.
Барање за информации
Ако стапите во контакт со Narconon Int и побарате информации за нашите програми или услуги, ние ќе ја искористиме Вашата електронска пошта или поштенска адреса за да Ви ги испратиме информациите кои ги побаравте. Вие се согласувате дека ние можеме да ги користиме и споделуваме информациите кои сте ни ги обезбедиле онака како што е опишано во нашето Интернет известување за користење на личните податоци.
Рок за започнување на постапка за решавање на спор
Освен ако не е поинаку определено со закон, тужбата или судската постапка која е покрената од Ваша страна во однос на каков било Спор мора да се поведе во рок од една година од денот на настанување на околностите на кои се темели Вашата жалба или постапка.
Линкови до други интернет страници
Интернет страницата на Narconon Int може да содржи линкови до интернет страници на трети страни за полесно и побрзо да можете да пристапите до дадени информации. Вклучувањето на секој линк од определена интернет страница подразбира дека истото е одобрено, потврдено или препорачано од страна на Narconon Int. Вие се согласувате дека Вие пристапувате до секоја таква интернет страница на Ваш сопствен ризик и дека таа интернет страница не е регулирана од одредбите и условите кои се содржани во овие Услови за користење. Narconon Int изречно се одрекува од секаква одговорност за овие интернет страници. Ве молиме запомнете дека кога ќе искористите определен линк за да одите од нашата интернет страница на друга интернет страница, нашето Интернет известување за користење на личните податоци и нашето Известување за политиките за приватност престануваат да важат. Вашето пребарување и интеракција на која било друга интернет страница, вклучувајќи ги и оние интернет страници за кои има линк на нашата интернет страница, е предмет на правилата и политиките на таа интернет страница.
Преземање на датотеки и електронски пораки
Narconon Int не може да гарантира, не гарантира и не ветува дека електронските пораки или датотеки кои се достапни за преземање од оваа интернет страница нема да содржат вируси или некој друг вид на код кој може да зарази или уништи податоци на Вашиот компјутер. Вие сте одговорни за спроведувањето на доволен број на заштитни постапки и проверки за да ја задржите точноста на Вашите податоци со цел изготвување на резервни копии од податоците или за да преземете други мерки за враќање на кои било загубени податоци. Narconon Int не презема никаква одговорност или ризик за оштетувањето на Вашиот компјутер или датотеки кое произлегува од Вашето користење на интернет страницата.
Останати одредби
Освен ако не е поинаку и изречно наведено во овие Услови за користење, овие услови претставуваат целосен опис на договорот помеѓу вас и Narconon Int, и истите ја опишуваат целосната одговорност на Narconon Int и неговите даватели на услуги (вклучувајќи ги и операторите) и Вашиот единствен правен лек во однос на Вашето пристапување и користење на оваа интернет страница. Во случај на противречност помеѓу овие Услови за користење и секој друг Narconon Int договор или политика, овие Услови за користење ќе преовладаат кога станува збор за Услови за користење. Ако некоја од одредбите на овие Услови за користење е неважечка или неприменлива согласно важечкото законодавство, тогаш истата ќе биде променета и ќе се толкува на таков начин со кој ќе се постигнат целите на таквата одредба до најголем можен степен согласно важечкото законодавство, додека пак останатите одредби ќе продолжат да важат и да се применуваат во целост. Насловите се вклучени од практични причини и истите нема да се земаат во предвид при толкувањето на овие Услови за користење. Овие Услови за користење не ги ограничуваат правата на Narconon Int кои се однесуваат на трговски тајни, авторски права, патенти или други закони. Нашиот пропуст да потврдиме некое право или одредба во овие Услови за користење не претставува одрекување од тоа право или одредба. Ниту едно одрекување од кој било услов од овие Услови за користење нема да претставува понатамошно одрекување од тој услов или кој било друг услов.
Пренос на права и обврски
Вие не можете да извршите пренос на кои било права и обврски кои произлегуваат од овој Договор без наша претходна писмена согласност. Narconon Int може да изврши пренос на целиот овој Договор или на дел од истиот.
Важност на договорот
Сите делови на овој Договор кои по својата природа се составени на тој начин да продолжат да важат по истекувањето или раскинувањето на овој Договор, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на одредбите кои се однесуваат на ослободување од одговорност или ограничување, ќе продолжат да важат.
Одрекување
Ниту едно одрекување од кој било услов од овие Услови за користење нема да претставува понатамошно одрекување од тој услов или одредба или кој било друг услов или одредба.
Известувања
Вие се согласувате дека ние можеме да ви испратиме какво било известување по пат на електронска пошта, телефон, факс или кој било друг начин.
Делумна ништовност
Доколку која било од одредбите од овој Договор е прогласена за неизвршлива од страна на суд или друг надлежен трибунал, тогаш овие одредби ќе се ограничат или отстранат до степен кој е неопходен за да се обезбеди правната важност на останатите одредби од овој Договор.
Целокупен договор: Измени и дополнувања
Овој Договор го претставува целокупниот договор помеѓу вас и Narconon Int во однос на предметот на овој договор. Истиот не може да биде изменет, освен на начин кој е опишан во овој Договор.
Спротивставеност на условите
За сето она кое се наоѓа на интернет страницата, а кое не е доследно или е спротивно на условите од овој Договор, ќе се постапува согласно условите од овој Договор.
Информации за контакт
Доколку имате какви било прашања или сте загрижени во врска со овие Услови за користење Narconon Int можете да стапите во контакт со: Narconon Int
Narconon International
7065 Hollywood Blvd
Los Angeles, CA 90028, USA
Електронска пошта: info@narconon.org