Ослободување од Зависноста
Злоупотребата на дроги и алкохол има катастрофален ефект врз општеството, кој не е поврзан само со единката која е фатена во канџите на зависноста. Нелегалната трговија со дроги е проценета на 400 милијарди долари годишно — што се сведува на речиси една десетина од целата меѓународна трговија и е поголема од вкупното домашно производство на 88 проценти од светските нации.
Стотици милиони животи се под влијание на нелегалната трговија со дрога, а многу од нив завршиле прерано. Според извештајот на Канцеларијата за дроги и криминал при Обединетите нации за 2014 година, бројот на корисници на нелегални дроги се движи помеѓу 162 милиони и 324 милиони—3,5 проценти до 7 проценти од сите луѓе на возраст помеѓу 15 и 64 години.
Соединетите Држави се светски лидер во смртни случаи од дроги, со стапка на смртност од дроги од 142 лица на милион — три пати повеќе од глобалната стапка.
Тоа се сведува на 40000 смртни случаи годишно, и го надминува бројот на смртни случаи во сообраќајни несреќи во САД. Во првата декада на 21 век, смртноста од дрога е повеќе од двојна кај тинејџерите и младината и повеќе од тројно зголемена кај оние од 50 до 69 години.
Од 2008 година наваму, употребата на опијати без лекарски рецепти во САД е зголемена за цели 200 проценти.
Зависноста не ги зафаќа само стереотипните „зависници“, ниту е ограничена само на традиционалните улични дроги.
Секоја статистика и секој случај претставува човечка трагедија — загубена работа или кариера, потрошени заштеди, повредени или онемоштени поединци, уништени семејства. Злоупотребата на дрога е криза со која мора да се соочат и да ја решат поединци и семејства, заедници и општеството во целина.
Сега веќе излитената американска политика на „војна против дрогите“, биеше изгубена битка напаѓајќи го снабдувањето со нелегални дроги, но вистинскиот одговор е намалување на побарувачката на дроги со намалување на злоупотребата и зависноста преку ефективна едукација за дроги и превенција, исто како и ефективно и трајно ослободување од зависност.
Ова е целта на Програмата на Нарконон за Едукација и Рехабилитација од Дроги. Неговата мрежа на центри за рехабилитација и специјалисти за едукација против дроги ширум светот, им нудат функционални решенија на поединци, семејства и заедници кои бараат пат кон ослободување од зависноста.