Програмата на Нарконон

Што велат Дипломците

Н ајзначајниот дел од програматана Нарконон за мене беше моментот кога сфатив дека можам да се ослободам од мојата зависност и дека не морам веќе да земам дроги. Можев да видам што ќе се случи ако повторно земам хероин. Но пред тоа, единственото што ме интересираше е да бидам хај.

Секој може да дојде тука и да се здобие со способност да ја разбере разликата помеѓу живот со дрога и живот без дрога. Ќе видат како може да се живее без дрога и без желба или порив за повеќе дрога. Чудесно и зачудувачки. Не би го менувал за ништо.“ “ - Нејт


„Мојот живот беше руина. Куќата ми беше одземена. Немав прозборено со семејството преку пет години. Ако не бев на апчиња, тогаш одев на одвикнувања. Стана нерешливо.

Сега откако ја завршив програмата на Нарконон, се чувствувам сигурна дека можам да ги употребам алатките со кои се здобив и да не се вратам назад и да не земам дрога повторно. И првпат се чувствувам така, веројатно во последните 10 години.“ - Аманда


„Мислам дека програмата на Нарконон функционираше за мене бидејќи има комплетно поинаков пристап кон зависноста од дрога.“ - Ема


„Денес јас сум дел од моето семејство. Се однесувам кон себе со почит и не го кршам законот. Имам легална работа и одам на колеџ. Нарконон го смени секој аспект на мојот живот на подобро.“ -Сара


„Мојот најголем успех во Нарконон беше кога бев скоро до половина од програмата. Почнав да чувствувам како да имам поголема контрола врз мојот живот. Ништо друго не ме контролираше и можев да преземам одговорност и навистина да го правам она што сакав да го правам.

Програмата на Нарконон ми даде сосема нов поглед на животот. Навистина чувствувам дека можам да правам што сакам. Сега можам да се соочам со секој проблем што го имам наместо да посегнам по дроги за да избегам од него. Се вратив на училиште и си го средувам животот.“ - Мишел


„Мојот поглед на живот сега е потполно различен. Порано немав интерес за ништо освен за дроги. Сега е сосема обратно. Учам и всушност сум дел од општеството, со помош на алатките со кои се здобив во Нарконон.“ " - Луиз


„Ова е најпоттикнувачка работа на сите времиња! Ова е целосно нов живот. Јас не сум само ‘Ешли пред да зема дрога' или 'малку подобрена верзија на Ешли’. Јас сум потполно нова личност, и го гледам животот на потполно различен начин. Способна сум да остварам позитивен ефект на мојата околина. Способна сум да ја контролирам ситуацијата и да ги завршувам работите. Секојдневно ги користам алатките што ги научив во Нарконон. Ако го применувате она што ве учат, ќе останете трезни и среќни, и ќе опстанувате многу подобро!“ “ -Ешли

“Станав личноста која ја имав изгубено - имногу повеќе. Ги имам животните вештини кои ми недостасуваа. Имам доверба. Повторно верувам во себе.“

„Можам да одам напред. Можам да бидам успешна. Можам да бидам среќна. Можам да ги погледнам луѓето во очи и тие знаат дека сум искрена и дека сум тука за нив. Ова е навистина извонредна програма. Нарконон ми го смени животот. Ми го врати семејството. Ми даде вистински односи во животот.“ - Клинтон


„Сега можам да се справам со ситуациите во мојот живот многу подобро. Многу сум смирен и чист. Се вреднувам себе и сите нешта што ги поседувам и, што е најважно, се однесувам кон семејството со почит и имам искрени односи со нив. Исто така, имам и поголема доверба во себе и во тоа што го правам, особено мојата работа.“ - Брајан


„Имав обичај да ги обвинувам другите луѓе. Мислев дека тие беа причината поради која станав зависник. Сфатив дека единствениот кој треба да биде обвинет сум јас. Така да навистина научив да преземам одговорност, и сфатив дека зависноста нема да ме надвладее никогаш повеќе. Доаѓањето во Нарконон е најдобрата одлука што кога било сум ја донел." - Рајан


„Сега кога ја завршив програмата на Нарконон, повторно стекнав целосна контрола врз мојот живот и способен сум да носам позитивни одлуки во животот. Пред Нарконон, не бев способен да функционирам во животот како продуктивно човечко суштество. Сега ги имам алатките за самоконтрола, да бидам татко, да бидам брат и да бидам добар син. Нарконон навистина ми го спаси животот.“ - Ричи


„Програмата на Нарконон не само што ги симнува луѓето од дроги и алкохол таа им обезбедува и алатки и технологија никогаш веќе да не земат дроги и алкохол и им покажува начин како да си ги унапредат состојбите во сите области на животот.“ - Роб


„Кога дојдов на програмата на Нарконон мислев дека сум безнадежен. Веќе имав пробано неколку други рехабилитации, и толку многу пати си го имав изневерено семејството. Си реков дека ќе ја пробам оваа програма поради моето семејство, дури и не поради себе.

Кога дојдов овде, правев како што е редот. Кога прв пат влегов во сауна, се чувствував болно, повредено и поминував низ тешки моменти. Но потоа можев да почувствувам како сите тие хемикалии излегуваат, дури и хемикалиите од мојата ОксиКонтин зависност.

Грбот и коленото престанаа да ме болат, а претходно верував дека ќе ја имам таа болка до крајот на животот. Почнав да имам повеќе доверба во себе. Почнав да се стекнувам со поголема способност за соочување со проблемите во мојот живот, што порано никогаш не сум го правел бидејќи секогаш би земал дроги.“ " - Дејв



„Сега сум сигурен дека можам да продолжам понатаму со мојот живот без товарот од минатото на плеќи. Сите елементи на програмата се одлични. Таа работеше за мене кога ништо друго не помагаше. Нарконон ми даде алатки да бидам успешен и во животот и сега имам доверба во мојата способност да останам трезен и да ги остварам моите цели.“ “ - Вил


„Постои излез од ова. Не мора да биде борба, ден за ден. Без оглед колку пати не си успеал претходно, не се откажувај. Нарконон спасува животи.“ " - Џозеф


„Поминувањето низ програмата ми помогна да видам самата што правам - како би можела да си го подобрам животот и да ги направам работите подобри. Се чувствувам како комплетна личност. Јас сум силна, независна и жена каква што отсекогаш сум сакала да бидам. Никогаш веќе не се поставува прашање дали ќе заглавам пак. Мотивирана сум и постигнувам нешта.“ - Мишел


„Дојдов на оваа програма како голем христијанин и всушност заминав како уште поголем христијанин отколку што некогаш сум бил.“ “ - Чак


“Станав личноста која ја имав изгубено - имногу повеќе. Ги имам животните вештини кои ми недостасуваа. Имам доверба. Повторно верувам во себе.“ “ - Кајли


„Еден ден на програмата почнав да го менувам мојот поглед на светот. Се чувствував подобро во врска со себе. Се почувствував сигурен и почнав да се ослободувам од фрустрациите и омразата која ја носев со себе уште од кога бев дете. Сфатив дека јас не сум глупав малолетник како што ми беше речено, туку дека имам способности и дека можам да преземам контрола. Ова за мене беше навистина почеток на нов живот.“ -Горди

„Нарконон те учи како повторно да живееш, ти ги дава алатките што си ги загубил. Мене повторно ме оспособи за живот.“

„Не само што програмата на Нарконон се справи со мојот проблем со дрога, туку таа исто така ми даде алатки за справување со кој било проблем во животот. Таа ми ја поврати самодовербата, му даде смисла на мојот живот, и го обнови мојот интерес за животот. Мојатажелба за дроги и тој животен стил исчезнаа. Ја повратив довербата на моето семејство и научив да давам, а не постојано да земам.“ - Темпе


„Не можам доволно да се заблагодарам на Нарконон за тоа што ме подучија на вештини потребни за да станам член на општеството кој придонесува.“ -Кристи


„Како што продолжував низ програмата на Нарконон, и со помош на прекрасниот персонал, навистина почнав да гледам разлика кај себе. Повторно почнав да верувамво себе. Откако дипломирав, се приклучив на Морнарицата и следните четири години ги поминав служејќи на мојата земја. Се оженив и добив син. Работев на неколку работни места и бев способен да останам на вистинскиот пат во животот, благодарение на вештините што ги научив на програмата- вештини кои ќе ги употребувам до крајот на животот. Никогаш не се грижам дека пак ќе западнам или ќе се вратам назад на животот кој го имав.“ -Глен


„Навистина немам зборови да опишам како се чувствувам денес во споредба со животот кој го водев потонат во деградација од дроги. Дрогите го контролираат и уништуваат животот и те тераат да правиш работи за кои никогаш не си сонувал дека ќе ги правиш, ако не се илузорните и шупливи ветувања кои си ги кажуваш дека оваа хемикалија ќе ти ги исполни. Како да се опише оваа нездраворазумност на таков начин за другите навистина да ја разберат деструктивноста на дрогите. Како да се објасни живот без гордост или интегритет или мир, дури ни малку? Како да се објасни вината и оттуѓувањето од животот?

Дојдов во Нарконон како скршен човек во хаос. Си реков дека сум зависник од дрога и дека тоа некако го објасни и оправда мојот беспрекорно залудно потрошенживот. Бев повеќе мртов и отапен, отколку жив!

Нарконон ме научи како пак да живеам. Нарконон ми ја поврати самодовербата и ми даде мир и стабилност за кои може само да се сонува. Успешен сум и среќен и имам иднина. Можам повторно да гледам и ми се обнови вербата во себе. Можам да ги погледнам луѓето во очи и да бидам горд. Можам да се насмевнам и да уживам дури и во најмалите и наједноставни нешта.“ - Џон


„Кога прв пат дојдов во Нарконон, веќе 15 години ги користев сите постоечки дроги и бев во апатија во однос на тоа дали нешто може да се направи за да ми се помогне. Ова беше трета рехабилитација за мене и навистина сакав помош. Само не мислев дека тоа е возможно. Оваа програма ми покажа дека јас сум моќен, дека можам да го поправам минатото и дека целата среќа која се надеам да ја најдам се наоѓа во мене. Оваа програма не само што ми покажа како да бидам настрана од дроги, таа го направи она што го вети - ми даде нов живот. Ако висите на конец и сте подготвени да воведете нешто добро, чесна тешка работа за да направите промена кон подобро, без дроги, Нарконон е, капата долу, најдобрата програма за рехабилитација од дроги на планетава,точка.“ -Томас

„Знам дека не ми се потребни дроги, бидејќисе чувствувам подобро без нив. Се чувствувам посилен. Се чувствувам здрав.“

„Би сакала да му се заблагодарам на персоналот на Нарконон овдеза помошта која ми ја дадоа и вербата која ја имаа во мене. Тешко ми е да мислам од каде дојдов. Би требало да го проживеете тоа за да разберете. Знам дека нема да се вратам таму каде што бев. Тоа е сега зад мене. Премногу напреднав за да се враќам назад, покрај тоа ми се допаѓа или би требало да речам сакам што сум ослободена од дроги!!“ -Сара


„Програмата на Нарконон за рехабилитација од дрогими го спаси животот. Не можам да ви го опишам чувството на среќа кое ми е вратено во животот. Порано се гледав како зависник на кој му нема помош, но денес таа слика е заменета со една на која сум горда кога ја гледам во огледало секој ден.“ -Џим


„Пристигнав на програмата на Нарконон и тогаш мојот живот конечно почна да се менува. Во текот на програмата си ја повратив смислата за личен интегритет и одговорност, кои се неопходни за да останам симната од дроги. Еден ден имав огромно сознание дека, за прв пат, јас ја имав контролата врз мојот живот и можев искрено да кажам дека сум среќна. Тогаш знаев дека конечно ја победив мојата зависност од дрогата, и тоа го должам на програмата на Нарконон и на персоналот.“ “ - Ана

Нарконон ме научи како пак да живеам. Нарконон ми ја врати вербата во себе... јас сум успешен и среќен и јас имам иднина.“

„Среќна сум што можам да кажам дека ја завршив програмата на Нарконон и уживам во здравјето и контролата врз мојот живот, на начин кој никогаш порано го немам искусено. Моето минато беше управувано од дроги, нивната набавка и нивното користење, преку 25 години. Бев цинична, депресивна, лута и уморна. Оваа програма ми овозможи да се соочам со себе и моето опкружување. Таа ми обезбеди можност физички да оздравам и ментално да се проширам. Си ги повратив довербата и убавината на мојата младост. Со успешното завршување на оваа програма, за првпат по многу, многу години живеам слободно и со цел.“ -Барбара


„Се чувствувам позадоволен. Не чувствувам како да треба да земам дрога или да пијам. Ја немам онаа параноја што правеше да се чувствувам дека мора да земам за да го протуркам денот. Сега знам дека дрогите не ми се потребни, затоа што се чувствувам подобро без нив. Се чувствувам посилен. Се чувствувам здрав.“ -Tом


„Се чувствувам прекрасно и многу сум среќна дека го завршив чекорот со сауната. Се чувствувам будна и енергична. Сега сум спремна да прејдам на следниот дел од курсот и едвај чекам. Чувствувам како да ми се крена магла од умот и светот го гледам со нови очи.“ -Луси


„Кога дојдов во Нарконон, мојот живот беше на пат да се уништи. Дрогите ја преземаа мојата страст за амбиција и ја подготвија мојата среќа за катастрофален пад. Кога ја достигнав најниската точка и не знаев кому да се обратам, се чувствував во стапица, Нарконон беше трошка надеж во мојот и онака поразен живот. Кога за прв пат зборував со претставникот на Нарконон тоа беше и првиот чекор кон поправање на мојот живот.

Сега сум на подоцнежните фази на сауната и се чувствувам поблиску од кога било до мојата цел за живот без дрога. Вежбам, се хранам здраво, земам витамини и внимавам да се справувам со моите проблеми правилно и секојдневно со помош на персоналот на Нарконон кој ми дава подршка. Не само што имам нова животна шанса, туку и мојот поглед на иднината изгледа посветол и појасен од кога и да е. Секогаш ќе ги негувам сеќавањата за Нарконон поради помошта што ми ја дадоа.“ “ - Џорџ