Метамфетаминско изложување и хронични болести кај полициски службеници: Значително подобрување со терапија за детоксикација со користење на сауна.

Д-р Џералд Х. Рос; Мари А. Стернквист, доктор на науки
Прегледано и издадено од Токсикологија и индустриско здравје, САГЕ издаваштво
16 Ноември 2011

РЕЗИМЕ

Апстракт

Вовед: Во медицинската литература постојат известувања за опасности по здравјето кај полициските службеници поради нивната постојана изложеност на метамфетамин и слични хемиски состојки. Најголем дел од ефектите се чинат дека се минливи, но некои од полициските служебници на Јута кои имале изложеност на метамфетамин како дел од нивните професионални обврски, развиле хронични симптоми, од кои некои предизвикуваат инвалидитет. Овој извештај е во форма на неконтролирана ретреоспективна евалуација според медицинските досијеа на симптоматичните службеници кои биле лекувани со протоколот за детоксикација во сауна кој е направен за да ги редуцира хроничните симптоми и да го подобри квалитетот на живот. Методи: Шеесет и девет полициски службеници последователно влегле на Проектот Јута Мет Полиција и врз нив била направена проценка пред и по програмата, која вклучува постепени физички вежби, сеопфатна нутриционистичка поддршка и физичка терапија во сауна. Направена е анкета за здравствeната состојба во кратка форма (СФ-36) составена од 36 точки во споредба со нормите на РАНД, направени се бодувања на резултатите за интензитетот на симптомите пред и по третманот, направени се бодувања на резултатите за невротоксичност, мини преглед на менталниот статус, претставени се фреквенциите на симптомите и извршена е структурна евалуација на безбедноста на самата програма. Резултати: Статистички значајни подобрувања во здравјето биле забележани при евалуациите на СФ-36, кај резултатите за симптомите и резултатите за невротоксичност. Толеранцијата на протоколот за детоксикација била добра, со стапка на завршување од 92,8%. Заклучоци: Оваа истрага силно упатува на тоа дека користењето на сауната и нутриционистичката терапија може да доведе до олеснување на хроничните симптоми кои се појавуваат по изложеност на хемикалии кои се поврзани со метамфетамини како дел од професионалните активности на полицајците. Овој извештај исто така е релевантен за справување со други негативни ефекти од други изложености на сложени хемикалии. Во насока на позитивните клинички резултати во оваа група, се чини дека е потребна поширока истрага на овој режим на лекување на база на сауна.

Вовед

Лицата кои се зависници од метамфетамин развиваат сериозни здравствени проблеми, додека пак малку се знае за голем дел од лицата кои работат како полициски службеници, а кои искусуваат значајни симптоми поради истрагите кои ги вршат во илегалните лаборатории за метамфетамини (Центар за контрола и превенција на болести, 2005 година). Иако овие симптоми можеби се минливи, многу лица имаат перзистентни симптоми поради кои се принудени да бараат медицинска помош.

Вмешаноста во активните лаборатории предизвикува 7 до 15 пати поголем ризик од заболување отколку другите активности кои имаат релативно помала изложеност на хемикалии. Според Маршал (2000 година), од 1993 година „бројот на истраги за илегални лаборатории за дроги постојано се зголемува, со што Јута го зазема првото место како држава со најголем број на лаборатории за метамфетамин по глава на жител“.

Во 2007 година, Правобранителот на Јута го истражил режимот за детоксикација врз база на сауна на Менхетен, кој служел за лекување на хронично болните спасувачи, а кои биле изложени на нападите на Светскиот трговски центар на 11 септември 2001 година. Еден полициски офицер и пожарникар кои се разболеле откако биле изложени на метамфетамини од лабораторија во Јута укажале на значителни подобрувања на здравјето по завршување на овој третман.

Непрофитната Фондација за детоксикација на Америка (АДФ) го воспоставила и раководела со Проектот Јута Мет Полиција (УМЦП), кој го користи протоколот за детоксикација на Хабард и го следи здравјето и квалитетот на живот меѓу полициските службеници во Јута, со цел справување со симптомите кои се појавуваат поради (или по) професионална изложеност на метамфетамини и слични хемикалии.

МЕТОДОЛОГИЈА:

Опис на групата на испитаници, критериуми за инклузија и ексклузија

Ова е ретроспективна евалуација на медицинските досијеа на 69 полициски службеници кои последователно биле дел од проектот УМЦП, во периодот меѓу октомври 2007 година и јули 2010 година. Полицијците биле регрутирани преку проекти во заедницата, преку усмени препораки меѓу самите полицајци и препораки од страна на началникот на полицијата и локалниот шериф.

Критериуми за ексклузија: бременост, познат активен канцер, врзаност за инвалидска количка, екстензивни психијатриски третмани, обиди за самоубиство.

Критериуми за вклучување: (1) Работа за полицијата на Јута, (2) документиран контакт со метамфетамин и други слични хемикалии поради активности на работното место како полицаец, и (3) последователен развој на перзистентни медицински симптоми или хронично влошено здравје. Полицајците дале писмена согласност за лекувањето и за следењето на резултатите, вклучително и за известувањето за агрегатните наоди.

Медицинскиот директор вклучувал учесници според нивната сеопфатна историја и физички преглед, ЕКГ и анализа на крвта (метаболички панел и панел за работа на црниот дроб, хепатит Б, Ц и скрининг за ХИВ, комплетен панел за крвните зрнца и тироидеата). Биле направени и дополнителни тестирања, вклучително и за нивото на тестостерон, за случаите за кои при директните прашања било откриено дека имаат проблеми за кои била потребна евалуација. Службениците кои покажувале симптоми на слабост имале одреден приоритет; сепак, не бил даден преференцијален третман на лицата по основ на бројот на пати на изложеност на метамфетамини, возраст, пол, ранг.

Меѓу пациентите имало припадници на единиците кои работеле како тајни агенти, во одделите за наркотици, за специјални оружја и тактики (СВАТ), службеници од различни урбани и рурални јурисдикции на Јута, од патната сообраќајна полиција, од единицата за имиграции и царински работи, службеници поврзани со Управата за борба со наркотици и службеници кои биле изложени на хемикалии додека работеле на лабораториски анализи.

Интервенција: Стандарен протокол за детоксикација во сауна на Хабард. (Хабард 1990 година)

ЕВАЛУАЦИЈА НА ЕФЕКТИТЕ

Била извршена проверка на промените во симптомите и во квалитетот на живот со користење на референтна историја и физички прегледи, контролни интервјуа, како и серија на проценки пред и по третманот:

  1. Со кратката анкета за здравствената состојба на РАНД, составена од 36 точки (СФ-36), се направила проценка на квалитетот на животот во периодот од 4 недели пред третманот. Механизмот за бодување на РАНД е различен од лиценцираниот механизам на Medical Outcomes Trust и продуцира профил составен од 9 степени на функционалната способност и физичката и менталната благосостојба. Бодовите од СФ-36 биле споредени пред и по третманот и со нормите за возрасно население на РАНД САД.
  2. Користејќи го режимот на Хабард, Фондацијата за унапредување на науката и образованието (ФАСЕ) развила анкета од 50 прашања за пред и по третманот за испитување на симптомите во периодот од 4 недели пред третманот, боледувања и навики на спиење во клинички услови.
  3. Со прашалникот за невротоксичност кој се спроведува пред и после третманот, кој се темели на 13 прашања и се базира на параметрите на Сингер (2000) направено е оценување на проблемите во период од 3 недели пред третманот кои подразбираат раздразливост, општествена повлеченост, намалена мотивација, намалено помнење, концентрација, ментална забавеност/магловитост, нарушувања на сонот, замор, зачестеност и сериозност на главоболките, сексуална дисфункција, отрпнати екстремитети, намалена ментална бистрина, изразени на скалата на Ликерт од 1 до 10.
  4. Мини испитување на менталната состојба
  5. Образец за дневен извештај: структурирано резиме на витални знаци/настани запишано од обучен персонал за секој ден од третманот, вклучително и несакани ефекти (независно дали се поврзани со третманот).

Заради безбедносна евалуација, сите несакани ефекти или прекинувања во протоколот се внесуваат во дневниот извештај и истите се оценуваат од лекар.

РЕЗУЛТАТИ

Должина на третманот и стапки на завршување

На третманот биле пријавени 66 мажи и 3 жени, со просечна возраст од 44,6 години, при што стапката на завршување била 92,8%; 5 мажи не го завршиле третманот. Просечното траење на третманот за 64 учесници кои го завршиле третманот било 33 дена.

Регистрирани симптоми кај повеќе од 50% од учесниците при евалуацијата при влез на третманот: замор 96%, несоница 91%, главоболки 90%, жиговина 81%, промени во карактерот 78%, отрпнатост на рацете и/или стапалата 77%, губење на меморијата 77%, историја на алергии 75%, слаба концентрација 75%, болки во грбот 71%, болки во зглобовите 71%, недостиг на здив при напор 70%, иритации на кожата 68%, анксиозност/депресија 65%, абдоминални гасови/болки 65%, синуситис/затнување 55% и болки во грлото 52%.

Проценти на полициски службeници кои имале абнормални наоди при влез во програмата: Абнормалните наоди вклучуваат зголемено ниво на масти во крвта 58%, зголемена работа на црниот дроб 41%, позитивен наод на Ромберговиот тест (неможност да се одржи рамнотежа со затворени очи), 35%, висок притисок 28%, високо ниво на шеќер во крвта 19%, ниско ниво на тестостерон во крвтa 17% и ниско ниво на тироидеа 17%.

Безбедност на режимот

Тешкотиите или другите „несакани ефекти“ (што означува симптоми на емотивни потешкотии или болест) не пречеле во голема мера во испораката за програмата. На пример, секој учесник ја искусил минливата раздразливост или чешање предизвикано од нијацинот, но тоа не ја попречува испораката на програмата и завршувањето на програмата. Како што се гледа од Табела 2, голем дел од учесниците искусиле минливи ефекти како чувство на малодушност, моментална кашлица, замор итн. Сите овие се минливи симптоми и за нив нема потреба од консултации со лекар. Недостигот од сон повремено ја менува испораката на програмата. По една ноќ во која лицето не спиело доволно, следиот ден програмата се испорачала со скратен капацитет. Двајца службеници имале гихт и еден од нив ја прекинал програмата.

РЕЗУЛТАТИ ОД РАНД СФ-36:

Промени во квалитетот на животот поврзани со здравјето

Слика 2 дава графички приказ на просечните резултати од СФ-36 пред и по третманот пресметани со РАНД методологија и споредени со нормите на населението во САД за оние полицајци кои го завршиле режимот.

Средните вредности на резултатите по службеник, пред третманот, врз квалитетот на живот поврзан со здравјето биле значително пониски од нормите за население по РАНД во сите девет поткатегории освен во категоријата за ограничување на дејностите кај лицата поради физичкото здравје и емоционалните проблеми. Резултатите на полицајците по третманот покажале значителни статистички подобрувања во споредба со резултатите пред третманот. Резултатите на полицајците по третманот исто така значително се подобриле за сите поткатегории споредени со нормите за население по РАНД.

Сериозност на симптомите и денови на влошена здравствена состојба

Просечните резултати за степенот на сериозност на симптомите пред и по третманот се прикажани на Слика 3 и се значително намалени по третманот наспроти резултатите пред третманот.

Пациентите ги пријавиле следните просеци:

  1. 9,3 дена на влошена физичка состојба пред третманот, која се подобрила на 1,8 дена по завршување на третманот;
  2. 6,3 дена на влошена психичка состојба пред третманот наспроти 1,4 дена по завршување на третманот;
  3. 4,3 дена на ограничени активности поради влошена здравствена состојба пред третманот наспроти 0,2 дена по завршување на третманот; и
  4. 2,0 дена боледување пред третманот наспроти 0,3 дена по завршување на третманот.

Навики на спиење

Учесниците имале просечен број на часови на спиење од 5,8 по ноќ, пред третманот, кој се подобрил на 7,6 часа по завршување на третманот.

Резултати за невротоксичност

Овој прашалник бил направен од службеник бр.20 нагоре. Со исклучок на нецелосните податоци, имало 38 парови на одговори пред и по третманот (84,4% стапка на одговори). Просечниот резултат на невротоксичност пред третманот бил 65,5, додека пак просекот по третманот бил 14,6.

Мини евалуација на менталната состојба

На скала од 30, сите резултати под 25 укажуваат на значајна когнитивна дисфункција. Не се забележани мерливи промени при споредување на просечните резултати пред и по третманот.

Дискусија

Од еден полициски службеник вообичаено се бара да биде физички силен и емотивно стабилен. Во контекст на критериумите за избор за работно место, полициските службеници кои биле третирани со овој проект имале хронични симптоми на слабост конзистентни со изложеност на хемикалии.

Во оваа мала група од 69 лица, изненадувачки е дека 2 подгрупи од 17% од пациентите покажале ниска состојба на тироидеата и/или низок статус на тестостерон. Преваленцата на хипотироидизам во САД е околу 5%. Доколку некој од полицајците имал претходен дебаланс на тироидеата, тоа може да биде предиспозиција за хронични болести, но сепак, нискиот статус на тироидеата може да биде директна последица на изложеност на метамфетамини, во смисла на последичната врска меѓу хемикалиите во околина и намалената функција на тироидеата.

Како уште една невообичаена појава се заедничките симптоми кај оние лица кои пријавиле хронично влошено здравје. Повеќе од 75% од полицајците ги пријавиле сите од следните девет симптоми: замор, несоница, главоболки, жиговина, промени во карактерот, отрпнатост во рацете и/или стопалата, губење на памтењето, претходна историја на симптоми на алергија и лоша концентрација. Кластерот на симптомите ја зголемува можноста дека „заедничката изложеност“ ги поттикнала и „заедничките симптоми“. Овој шаблон на симптоми може да им помогне на идните истражувачи или професионалци за третмани за подобро да ги препознаат или класифицираат изложеностите кои се поврзани со метамфетамини. Резултатите пред третманот од СФ-36 кај полицајците кои биле изложени на метамфетамини иницираат на повеќе болки, поголем замор и знаци на значително послабо здравје отколку кај општото население.

Протоколот за третмани на база на сауна на Хабард беше употребен во овој контекст. Доколку изложеноста на хемикалии и/или контаминација ги предизвикале овие симптоми, тогаш сеопфатната програма за детоксикација е разумниот пристап кон нивното решение.

Колку што нам ни е познато, ова е првпат „програмата за детоксикација“ на база на сауна да биде евалуирана за полицајци кои биле изложени на метамфетамини. Најголемото мнозинство ја завршило програмата со минимални непријатности или тешкотии, при тоа постигнувајќи значително намалување на симптомите и видно подобрување на здравјето и на квалитетот на живот. Ова покажува дека оваа програма може да им помогне и на други полицајци кои имале слични изложености.