Поедноставен метод за рутинско следење на резултатите по третманите за лекување од злоупотреба на дроги

16 септември 2013 година

Ричард Д. Ленокс
Здравствени системи Чеснат
2404 Western Park Lane, Hillsborough, NC 27278, USA

Мари А. Стернквист
Независен консултант од областа на истражувањето
14650 Wildien Drive, Anchorage, AK 99516, USA

Алфонсо Паредес
Професор емеритус по психијатрија
Универзитет на Калифорнија во Лос Анџелес

Ревидирано и издадено од Либертас Академика

РЕЗИМЕ

Во моментов рутинското собирање на податоци за ефектите од третманите за лекување од дроги заради подобрување на квалитетот на грижата, подобрување на задоволството на клиентите и распредлување на ресурси за лекување е попречено од две клучни тешкотии: (1) проблеми со лоцирање на клиентите откога тие ќе го напуштат лекувањето; и (2) големите трошоци за добивање на значајни и веродостојни податоци по лекувањето. Оваа студија ги истражуваше прецизните методи за економичен Рутински мониторинг на ефектите по пат на телефонска анкета каде клучните мерки се составени од 18 ставки. Врз база на примерот на имплементацијата во Нарконон во Оклахома на програмата за рехабилитација од дроги на база на резиденцијален престој и промени во однесувањето и вештините, се утврдило дека системот е психометрички соодветен за агрегатно известување при тоа обезбедувајќи клинички корисни информации.

Студијата ја анализираше постапката која е развиена и имплементирана од Нарконон во Оклахома („Нарконон“) за следење на долгорочните ефекти постигнати од дипломците на програмата за рехабилитација од дроги и алкохол. Овој документ ги објаснува прецизните методи за економичен Рутински мониторинг на ефектите по пат на телефонска анкета каде клучните мерки се составени од 18 ставки, спроведена од вработените, по примерот на Нарконон програмата и ни ги објаснува резултатите од процесот на мониторингот.

Целите на рутинскиот мониторинг на ефектите се јасни: да се обезбеди обновливост на ефикасноста на третманот, конзистеност и исплатливост; да се подобри севкупниот квалитет на лекувањето; и да се обезбеди одговорност кај обезбдувачите на здравствени услуги за изворите на финансирање и тоа преку мониторинг на нивните ефекти и одржување на квалитет на лекувањето.

Систематското следење на клиентите откога тие во целост ја завршиле интервенцијата, кога тие функционираат под минимална супервизија како членови на нивното семејство, работни тимови и заедници, е едно од најубедливите методи за докажување на ефикасноста во вистинскиот свет на здравствените програми. И покрај наведените цели да се соберат значајни податоци по завршување на програмата, најголем дел од обидите за мониторинг на перформансите се сè уште во развојна фаза. Ограничувањата во собирањето на податоците вклучуваат: (1) тешкотии во следење на клиентите откога ќе го напуштат лекувалиштето; (2) користење на персоналот за собирање на контролни податоци кога нивната главна функција е да обезбедат услуги за хемиски зависности; и (3) потпирање врз лични интервјуа и другите долготрајни протоколи кои се скапи, бараат значителна обука на персоналот и може да резултираат во губење или бегање на податоците поради сложеноста на постапките за следење.

Нарконон има развиено рационализиран мониторинг процес на ефектите преку телефон, а кој се врши во контекст на центар за континуирана грижа. Кратката анкета е доволно едноставна да може да се вклопи во рутината на персоналот и во секој помал центар и нејзината предност е тоа што може да ја спроведуваат поединци кои не се обучени за методите на истражување. Со оваа постапка се овозможува програмата да добие брзи повратни информации и со тоа да ги лоцира и да работи со клиентите кои имаат тешкотии по напуштањето на програмата и, во исто време, овозможува да се добијат податоци кои се корисни за следење на севкупната ефикасност на програмата за рехабилитација, со што им се овозможува на раководителите на програмата да ги направат потребните прилагодувања за зголемување на ефективноста на програмата.

Целта на оваа студија е да се процени ефикасноста на системот за Рутински мониторинг на резултатите по лекувањето како алатка за мерење и подобрување на резултатите од услугите за рехабилитација од дроги. За да се постигне ова, Нарконон Интернационал и Психометрик Технолоџис Инкорпорејтед развиле методологија која се темели на научни факти за да се добијат корисни мониторинг податоци и истата да се применува во согласност со системите за запишување, управување со случаите и следење на клиентите, кои веќе се воспоставени во Нарконон. На почетокот бил развиен прашалник од 10 ставки кој во текот на студијата бил проширен врз основа на препораките на персоналот за пост-третманска нега и персоналот за управување со случаите. На крајот, анкетата била финализирана со тоа што била составена од шест ставки кои биле насочени кон известување на лицето за неговото конзумирање на дроги и алкохол во последните 30 денови, две ставки се однесувале на општата употреба на дроги по напуштање на лекувањето, пет ставки се однесувале на квалитетот на живот во последните 30 дена, а неколку други прашања користеле за оцена на успехот на единката во нејзината интеграција во заедницата.

За цели на развивање и евалуација на овој инструмент и на методологија за Рутински мониторинг на ефектите овој проект бил ограничен само на оние лица кои ја завршиле целата Нарконон програма (наречени „дипломци“). Персоналот на Нарконон пополнил една листа на лица кои ја завршиле програмата во периодот од 2004 до 2007 година.

Потоа, специјалистите за пост-третманска нега ја спровеле анкетата за Рутински мониторинг на ефектите по телефон. На почетокот, покрај телефонските анкети на дипломците, се правеле и анкети на блиските роднини на дипломците со цел да се процени дали податоците добиени од дипломците се веродостојни. Откога се открило дека постои значителна статистика поврзаност меѓу податоците од дипломците и од нивните блиски роднини, роднините се анкетирале за да се добијат податоци, кога не можело да се дојде до дипломците, односно по три неуспешни обиди. Добиените податоци се претворале во „безлични“ податоци, во согласност со федералните и локалните закони за заштита на личните податоци и доверливост и им се давале на анализа на Психометрик Технолоџис Инкорпорејтед.

Добиени се податоци од 323 лица од вкупно 419 лица кои се вратиле во нивните заедници; при што 22,9% останале без податоци. За првиот дел од примерокот имало неадекватна стапка на следење. Преку анализа на успешното работење на други истражувачи во ова поле1 биле направени следните подобрувања: (1) Персоналот бил обучен да користи едноставен образец за запишување со цел собирање на повеќе телефонски броеви и адреси за електронска пошта преку кои би можело да се стапи во контакт со клиентот, како и повеќе телефонски броеви и адреси за контакт на лица кои би можеле да ги потврдат информациите на клиентот; (2) Сите информации за контакт се потврдувале и ажурирале при отпуст и (3) бил воведен писмен контролен лист за организирање на секој чекор од процесот на следење. Како резултат на овие подобрувања, конзистентно била подобрена стапката на пост-третмански контакти до над 80 проценти.

Податоците од дипломците и роднините (колатерални извори) биле статистички анализирани и се открило дека се прилично конзистентни. Оттука се воспоставила валидноста на мерките за известувањата „сам за себе“ кои се користени во Рутинскиот мониторинг на ефектите. Од вкупниот сет на податоци, 72,1% од користените податоци биле известувања на дипломците за самите нив.

Податоците биле анализирани со цел да се утврди степенот до кој повторно се појавуваат проблеми со дроги кај дипломците на Нарконон програмата. Следниве резултати се добиени кога дипломците (или колатералните извори) биле прашани за употребата на дроги во периодот од 30 дена пред интервјуата за анкетите: