Како и кај секоја друга програма за рехабилитација од дроги, така и кај оваа поединечните резултати може да се разликуваат едни од други.
|
|||
Што велат дипломците | Што велат семејствата на дипломците | Објави |
Баба на Дипломец на Нарконон
Сенди В.
Мојата внука беше многу среќно дете. Беше живо девојче и многу популарно. Почнавме да забележуваме промени кај неа и едноставно цело време беше исцрпена. Несакаше да учествува во тоа што семејството посакуваше да го прави, што е некако типично за тинејџерите. Но заморот, едноставно не го разбирав и тоа еднаш го спомнав на мајка и, „Зошто ова дете е толку уморно? Јас сум стара жена и не сум толку уморна.“ Едноставно неможев да го разберам тоа.
Таа почнала да зема хероин. И во еден момент мајка и стана свесна за тоа. И ја однесе на доктор и докторот и препиша нешто за да и помогне да помине низ ова, со цел да го надмине хероинот. И едно утро успеа, впрочем тоа беше следното утро. Одлучила дека лекот ќе делува побрзо и подобро ако го инјектира наместо да го зема орално, како што беше потребно. И ова за малку ќе ја усмртеше.
Веднаш пристигнав. И го поминавме заедно цел ден на телефонот и компјутерот обидувајќи се да најдеме некое место кое ќе и помогне. И едно од местата на кое се јавивме беше Нарконон.
Тоа беше почеток на една незамислива приказна за успех.
Внука ми е целосно различна личност во споредба со нејзиното доаѓање во Нарконон. Знаете, таа имаше чувство дека сака да му помогне на секого. Тоа едноставно направи многу за неа.
Тоа е чисто задоволство. Едноставно нема друг начин за да се опише тоа. Мислам, ги сакате вашите внуци но кога тие поминале низ вакво нешто и буквално го допреле дното, и се способни да се издигнат повторно... Таа е супер. Таа е едноставно одлична.