Како и кај секоја друга програма за рехабилитација од дроги, така и кај оваа поединечните резултати може да се разликуваат едни од други.
|
|||
Што велат дипломците | Што велат семејствата на дипломците | Објави |
Сопруга на Дипломец на Нарконон
Данариа Б.
Eдна седмица по венчавката, открив дека мојот сопруг се дрогира. И тоа многу ме потресе.
Можеби тоа беше нешто што не сакав да го знам. Знаете, замижувате, бидејќи сакате да верувате дека вашиот животен избраник не би го сторил тоа и не би Ве изневерил на тој начин.
Му кажав дека сум многу лута и дека не го разбирам. Бев шокирана, „Како можеше ова да се случи?“ Тој ме погледна, клекна на колена и ми рече: „Дали ќе ме оставиш?“ Јас дури и не сакав да зборувам со него. Но, тој се изјасни дека сака да оди во Нарконон.
Не верувам дека ќе бев способна да се справам со ситуацијата, ако тој ја немаше волјата да ги направи промените коишто беа неопходни.
Промената која настапи по завршувањето на програмата е неверојатна. Ситуацијата се разликува како ден и ноќ кога ќе споредам каков е сега и каков беше пред програмата.
Јас бев вчудоневидена од грижата и вниманието со кои мојот сопруг сподели многу нешта со мене, бидејќи тој никогаш не бил толку искрен со мене во минатото.
Беше неверојатно. Знаете, како: „Тоа е човекот за кого се омажив.“
Неизмерно им сум благодарна на Нарконон за сѐ. За поддршката, за самата програма и за обновувањето на одговорноста кај мојот сопруг.
Сега имаме две девојчиња, едното е две и пол години, а другото е една година. Моментално, мојот сопруг учи за медицински брат.
Нема зборови кои можат да ја опишат промената и колку е сега сѐ поразлично и извонредно.