Резултати на Нарконон

Студии и Извештаи

Селектирани примери

„Поедноставен метод за рутинско следење на резултатите од третманот за лечење од дрога“ (д-р на науки Р. Д. Ленокс, м-р по општествени и природни науки Стернквист и д-р Паредес, објавено во списанието Злоупотреба на супстанции: истражување и третман 2013:7, 155-169) Студијата во која беа вклучени 323 завршени студенти покажа дека шест месеци по завршување на програмата на Нарконон, 73,5% од дипломците не зеле никаква нелегална дрога, а дека 94% не биле уапсени.


Нарконон Стокхолм, Шведска, независно истражување (П. Гердман, мај 1981 година)

Студијата во која беа вклучени 13 дипломци покажа дека четири години по завршување на програмата на Нарконон 78,6% од дипломците не земале дрога, а 73% се здобиле со стабилна работа.


„Општа анализа на резултатите од рутинското следење од страна на Нарконон Еслев (Шведска) на дипломците на својата програма за рехабилитација од дрога, 2010-2012“

Во оваа студија беа анкетирани 49 дипломци на Нарконон во период од една до три години по дипломирањето. 80% од дипломците не земаат дрога шест месеци по дипломирањето. Во последните 30 дена: 77% се вработиле или се вратиле на училиште; 98% не биле уапсени; 86% имале добри односи со семејството.


„Споредување на резултати со контролна група од страна на Нарконон Бостон“ (д-р Ч. Х. Вошбурн, 30-ти јуни 1975 година)

Во оваа студија во која беа вклучени 11 дипломци десет месеци по завршувањето на програмата, 91% од учесниците во експерименталната група кои биле дипломци на Нарконон немаа земено дрога, во споредба со 0% од контролната група.


„Санкции од среден вид за малолетни престапници: Влијанието на Детоксикацијата - Нов Живот на Нарконон врз малолетни престапници со висока стапка на престапи, Јута, Суд за малолетници од Четвртата Област“ (Студијата беше претставена на Конференцијата на јавни обвинители од западните Соединети Американски Држави, во Мауи, aвгуст 2005)

Првите сто млади кои беа запишани на оваа програма по наредба на судот биле осудени за 1100 прекршочни или кривични дела во текот на две години пред започнувањето на програмата на Нарконон со учесници кои добиваат третман во текот на денот, но кои ноќе се враќаат дома. По завршувањето на програмата на Нарконон, 63,5% од малолетниците не извршија никакви криминални дела во период од две години по завршување на програмата, во споредба со 30,1% од контролната група.

gcui_narconon:narconon-results-across-five-decades
Опишаните резултати се засноваат на собрани податоци за ефикасноста на третманот на краток и среден рок по неговото завршување. Поединечните резултати може да се разликуваат едни од други и за истите не се гарантира.