Нарконон отвори спектакуларна и приватна оаза за опоравување од зависноста од дроги и алкохол.
Во неделата, на 13-ти септември, официјално беше отворен извонредниот нов центар на Нарконон Охаи, во кој програмата на Нарконон ќе им биде понудена на уметници и лидери од општеството, со цел да им се помогне да се опорават од зависноста од дроги и алкохол и еднаш засекогаш да имаат живот во кој нема место за дрога.
Центарот е сместен на воодушевувачки имот на врвот на еден рид и нуди извонреден панорамски поглед од 360 степени на долината Охаи па сè до Тихиот Океан.
Преземени беа сите чекори со цел објектите и услугата на Нарконон Охаи да бидат со врвен квалитет. Неспоредливата убавина и луксуз го издвојуваат овој центар од останатите, истовремено овозможувајќи топла атмосфера и естетска средина.
Извршниот директор на Меѓународното здружение за подобар живот и едукација (ABLE) ја водеше церемонијата на големото отворање. Посакувајќи им добредојде на гостите, таа им рече: „Денеска, Нарконон е глобален лидер во рехабилитацијата од дроги и алкохол и неговата единствена цел е да им помогне на луѓето да водат животи без дрога. Ова е ера на огромно проширување на мрежата на Нарконон и отворањето на Нарконон Охаи е важен чекор во постигнувањето на нашата мисија.Зачекорете низ овие врати и вие влегувате во опкружување кое е посветено на една работа: да им помогне на луѓето да ја надминат зависноста еднаш засекогаш“.
Извршниот директор на Нарконон Охаи, г-ѓа Кети Дион се качи на сцената. Како ветеран во испорачувањето на програмата на Нарконон за рехабилитација од дроги кое трае веќе 15 години, таа изјави: „Сигурна сум дека поголемиот дел од луѓето кои се тука денеска или имаат слушнато или ја имаат посведочено од прва рака стапицата која следи кога некој ќе тргне по мрачниот пат на зависноста од дроги. Но, ние го имаме одговорот во Нарконон. Денеска, каде што сме собрани, тука на овој прекрасен планински врв, кој честопати се нарекува Рај, имаме центар каде можеме да ги услужиме луѓето кои имаат потреба од програма која се испорачува во приватност и изолираност, за да им ја вратиме храброста да се соочат со животот без употреба на дроги или алкохол и да останат чисти“.
Г-ѓа Кели Престон веќе долги години го поддржува Нарконон и таа зборуваше за нејзината лична посветеност кон програмата. Таа долги години сонувала за Нарконон кој ќе биде толку многу прилагоден на потребите на уметниците како овој. „Година по година ги губиме нашите уметници и колеги со кои сме работеле - честопати на премлада возраст. Она што ја прави трагедијата уште поголема е фактот дека ние навистина го имаме решението со кое тие животи можеа да се вратат на правиот пат. Само што го немавме местото за да го испорачаме тоа решение. Сѐ досега. Не морате „засекогаш“ да бидете зависник од дрога. Не морате „засекогаш“ да бидете алкохоличар. Тоа е лага. Нашата програма функционира. И вие можете да имате нов живот“.
__________
Речиси 50 години, Нарконон ги спасува животите на безброј поединци за кои се сметало дека се безнадежни зависници од дрога и алкохол. Мисијата на Нарконон е да обезбеди ефикасен начин за рехабилитирање од зависноста од дрога и насекаде низ светот да им помогне на општествата да се ослободат од злото на злоупотреба на истата.
За повеќе информации за програмата на Нарконон и нашата меѓународна мрежа на центри ширум 50 држави, ве молиме јавете се на