Во срцето на Мексико се отвори нов континентален центар на Нарконон со цел животите без дрога да станат реалност во Латинска Америка.

Новиот Континентален центар на Нарконон, кој е сместен на имот на кој порано живеел еден светски познат матадор, носи ветување за помош и надеж во Латинска Америка. Во саботата, на 12-ти септември, Нарконон Латинска Америка стана дел од растечкиот список на Континентални центри на Нарконон ширум светот, со церемонија на која присуствуваа стотици поддржувачи, истакнати личности и гости.

Во саботата, на 12-ти септември, Нарконон Латинска Америка стана дел од растечкиот список на континентални центри на Нарконон ширум светот, со церемонија на која присуствуваа стотици поддржувачи, истакнати личности и гости.

Овој нов центар во Вила Викторија, која била изградена во 1880 година, е наменет да ги испорачува познатите методи на Нарконон за рехабилитација без користење на лекарства и дроги во околина во која нема вознемирувања и која е совршено приспособена на потребите на оние кои бараат да ги надминат своите зависности и да живеат живот без дроги. Овој центар, исто така, ќе обучува специјалисти кои сакаат да отворат нови центри на Нарконон во градовите ширум Мексико и Централна и Јужна Америка.

Овој центар, кој е прекрасен, тивок и приватен, претставува совршена средина за сите оние кои сакаат да ја надминат зависноста. Нарконон Латинска Америка е изграден околу внатрешен двор кој е ограден со класични затворени патеки со сводови и кој им пружа на студентите спокојна и уникатно приватна атмосфера.

Посакувајќи им добредојде на оние кои допатуваа до Вила Викторија, Мексико од цела Латинска Америка, претседателката на Меѓународното здружение за подобар живот и едукација (ABLE) изјави дека овој центар на Нарконон е подготвен да му служи на целиот негов регион. „Овој потполно нов центар на Нарконон е нов вид на центар - регионален центар кој не само што нуди услуги за рехабилитација, туку и обучува стручни лица од јужниот врв на Чиле и Аргентина, па сè до Бразил, Венецуела и Колумбија и, се разбира, цела Централна Америка и Мексико,“ рече таа. „Злоупотребата на дроги и алкохол има катастрофални последици не само по поединецот кој е фатен во канџите на зависноста, туку и по самото општество. Нарконон има мисија - да обезбеди ефикасен начин за рехабилитирање од зависноста од дроги и да им помогне на општествата во спречувањето на злото на злоупотреба на истата, како во овој регион, така и насекаде низ светот. Јас верувам дека сите вие ја делите оваа мисија со нас“.

Г-ѓа Зувелдиа Лисарага, Извршен директор за Нарконон Латинска Америка, се согласи велејќи: „Ние сме многу горди што ќе ви го претставиме овој извонреден центар. Со програмата на Нарконон, ние имаме алатки да му помогнеме не само на Мексико, туку и на цела Латинска Америка. Нема поголема стапка на успешност од онаа на програмата на Нарконон која ја развил г-дин Л. Рон Хабард. Овој уникатен пристап без употреба на лекарства и дроги им има помогнато на десетици илјади поединци и семејства кои страдаат од зависност. Во проектирањето на секоја просторија во нашиот нов центар, во предвид беа земени потребите на нашите студенти и лицата кои се на обука. Сето ова им стои на услуга на оваа заедница и целиот континент“.

Конгресменката г-ѓа Ана Луиза Валдез знае за резултатите на програмата на Нарконон од прва рака. “Јас имав можност да основам центар на Нарконон со владина поддршка со цел да помогнеме во разрешувањето на проблемите со дрогите кои го мачат нашето општество. Од тогаш, и веќе преку 10 години, мојот центар на Нарконон реди успеси во рехабилитирањето на зависници. Преку Нарконон, ние му нудиме решение за проблемот со дроги на едно општество кое не знае што да направи во врска со тоа. Нарконон мора да се промовира на секоја радио фреквенција, од страна на сите телевизиски станици, на секој можен канал, во секој град во Латинска Америка“.

Началникот на полицијата на регионот XIX, Бенџамин Салвадор Хименез рече: „Многу сум горд што за овој центар ја одбравте државата Мексико. Искрено се надевам дека ова ќе биде семето од кое ќе израсне движењето на Нарконон, стигнувајќи преку сите градови во Мексико до секоја латинска држава“.

Посакувајќи му добредојде на Нарконон во име на општината Вила Викторија, г-дин Наполеон Јајњез рече: „Не е никаква тајна дека користењето на дроги е еден од најголемите предизвици со кои се соочува секоја влада. Мене ми претставува особено задоволство да ѝ посакам добредојде на оваа установа во Вила Викторија. Ние навистина се гордееме што една меѓународна организација за рехабилитација од дроги како што е Нарконон, со децении искуство, ја одбра нашата општина како свое седиште за Латинска Америка“.

Последниот говорник на официјалното отворање, г-ѓа Роси Ороско, поранешна конгресменка и претседател на невладината Обединета комисија против трговијата со луѓе, го сподели нејзиниот жар за програмата на Нарконон и што истата претставува за една држава која е во толкава голема опасност од дроги на секое ниво во општеството.

„Картелите сé повеќе и повеќе се свртуваат кон трговијата со луѓе како начин за остварување на нивната криминална заработка, и лесно може да се заклучи дека тоа оди рамо до рамо со зависноста од дроги,“ нагласи г-ѓа Ороско. „Дрогите се средство кое криминалните организации го користат за да ги фатат своите жртви. Планираме да го отвориме првото засолниште за жртви на трговијата со луѓе кое, исто така, може да служи како центар на Нарконон за рехабилитација. Накратко, јас сметам дека Нарконон е решението!“

__________

Речиси 50 години, Нарконон ги спасува животите на безброј поединци за кои се сметало дека се безнадежни зависници од дрога и алкохол. Мисијата на Нарконон е да обезбеди ефикасен начин за рехабилитирање од зависноста на дроги и насекаде низ светот да им помогне на општествата да се ослободат од злото на злоупотреба на истата.

За повеќе информации за програмата на Нарконон и нашата меѓународна мрежа на центри ширум 50 држави, Ве молиме јавете се на 1-800-775-8750.