Детоксикацијата Нов Живот
Детоксикацијата – Нов Живот е базирана врз откритието на Л. Рон Хабард дека остатоците од ЛСД, очигледно остануваат заробени во телото, главно во масните ткива, долго време откако лицето престанало да зема дроги. Ова откритие објаснило зошто кај некој кој користел ЛСД во минатото, може наеднаш повторно да се активира „трип“ дури и години подоцна. Натамошното истражување покажало дека и многу други токсични супстанции можат да останат во телото, и да предизвикуваат негативни ефекти години подоцна.
Одговорот? Детоксикацијата – Нов Живот, е комбинација од вежби, потење во сува сауна и внимателно надгледуван режим на внесување течности и исхрана. Со постапките се разградуваат и исфрлаат токсичните остатоци кои се задржани во телото, дури и откако лицето престанало да користи дроги.
Прашајте го било кој дипломец на Нарконон за Детоксикацијата - Нов Живот. Тие ќе ви кажат дека ги испотиле дрогите кои биле заглавени во нивниот систем и се здобиле со една нова енергија, една нова виталност—еден нов живот, ослободени од желбата за дрога.
Како Функционира Детоксикацијата - Нов Живот
Ослободување на Остатоците од Дроги од Телото. Детоксикацијата - Нов Живот вклучува еден прецизен режим на исхрана, вежби и сауна.
1. ПРИРОДЕН РЕЖИМ СО ВИТАМИНИ
Секојдневно се земаат витамини и хранливи додатоци во прецизни количества, за да ги надоместат хранливите материи кои се потрошиле за време на користењето дроги. Како што напредува детоксикацијата, така дозите се менуваат и постојано се надгледуваат.
2. ВЕЖБИ
Вежбите во форма на трчање ја поттикнуваат циркулацијата и помагаат при исфрлањето на остатоците од дроги кои се разградиле од нијацинот.
3. САУНА
Времето поминато во сауна на лицето му овозможува вистински да ги испоти штетните токсини на природен начин.
„Повторно почнав да имам чувство на надеж. Тоа беше суштинско. Без програмата во сауна, јас немаше да бидам таму каде што сум денес.“