Како да се Избегне Замката во Однос на Рехабилитирањето
Нарконон користи докажана технологија за рехабилитација која проникнува во сржта на проблемот и овозможува долготраен успех.
Веќе 50 години, Нарконон ги спасува оние за кои се сметало дека се безнадежни зависници од дрога и алкохол. Седмица по седмица. Година по година. Нашиот успех се мери со бројот на наши дипломци кој постојано расте, а кои сега водат живот без дрога.
Многумина кои доаѓаат во Нарконон претходно биле дел од некои други програми за рехабилитација од дрога, но кои од истите си заминале без траен успех. Нашата програма е уникатна. Програмата на Нарконон се состои од техники кои не можат да се најдат на друго место и со кои им се помага на зависниците да ја надминат зависноста од дрога и алкохол и нивните штетни ефекти. Ова се прави на природен начин, бидејќи во програмата на Нарконон не се користат замени за дроги.
Во Нарконон, ние се обидуваме да се справиме со причините за зависноста, односно се обидуваме да ги откриеме причините кои го натерале поединецот воопшто да посегне по дрога.
Целта на програмата е да се добие поединец кој живее живот без дрога.
Програмата на Нарконон за Рехабилитација од Дроги
Одвикнување без употреба на дроги
За секој студент има лично задолжен по еден Специјалист за Одвикнување од дроги кој му помaгa 24 часа на ден.
прочитај повеќеДетоксикацијата Нов Живот
Комбинација од вежби, потење во сува сауна и нутриционистички режим.
прочитај повеќеОбјективите
Објективите се постапки кои го насочуваат вниманието од сеќавањата во минатото кон сегашноста и моменталното опкружување.
прочитај повеќеВештини за Живеењетo
Ефективното учење и пракса водат кон стабилност, самопочит и враќање на личните вредности.
прочитај повеќеРезултати од Светска Класа
Едноставно, Нарконон функционира. Прочитајте некои типични коментари од студентите на Програмата на Нарконон и членови на семејствата кои го искусиле она што понекогаш изгледа како чудотворна преобразба.
прочитај повеќеОд 1966. Врвни Резултати. Долготрајна Ефективност.
Програмата на Нарконон се заснова на откритијата и делата на Л. Рон Хабард, основачот на Cкиентолошката религија. Меѓутоа, Нарконон не е религиозна програма и лицето не станува скиентолог со тоа што ќе ја направи програмата.
Господинот Хабард беше хуманитарец чии дела вклучуваат откритија во областите на едукацијата, менталното здравје и реформи за криминалците, како и рехабилитација од дрога. Тој започна со своето истражување за дрогата за време на 1960-те и 1970-те години, кога употребата на дрога за забава имаше достигнато епидемични размери.
Г-дин Хабард разви техники за надминување на негативните ефекти на речиси сите видови на дрога. Со желба да им помогне на оние за кои се сметало дека се безнадежни зависници, г-дин Хабард ги направил своите откритија достапни за секого, а резултат од тоа беше основањето на Нарконон.
Еве Зошто програмата на Нарконон Функционира
Трајните резултати започнуваат од една успешна основа. Клучот за извонредната ефективност на Нарконон се овие докажани елементи на програмата, кои функционираат заедно:
Долго-трајни резултати.
Елементите на програмата на Нарконон се базираат врз докажана технологија—за доследно ефективни и долготрајни резултати.
• Одвикнување од дрога без употреба на дроги или лекарства. Овој чекор вклучува 24-часовна грижа и надзор.
• Детоксикација. Со уникатнатa програма на Детоксикација - Нов Живот, во која не се користат дрога и лекарства, се отстрануваат остатоците на дрога од телото и како резултат на тоа се отстранува желбата за дрога.
• Објективи. Овие специјално изготвени постапки на Нарконон ќе Ви помогнат да бидете стабилни во сегашно време, а не да мислите на минатото.
• Обука за вештини за живеењето. Овој чекор ќе Ви помогне да ги развиете алатките кои се потребни за успешен живот без дрога.
Секој чекор од програмата може да испорача стабилни резултати на кои може да се потпрете и ќе ви помогнат вистински да се опоравите.
Прецизност на Секој Чекор
Во програмата на Нарконон се вклучени и серија на филмови за подучување кои визуелно ја покажуваат теоријата и постапката на секој дел од програмата.