Нејзините Компоненти
П ограмата на Нарконон е прецизен, чекор-по-чекор режим кој се занимава со сите аспекти на зависноста за да им помогне на поединци да го надминат нејзиното негативно влијание врз нив и тие околу нив.
Надминувањето на зависност може да им изгледа застрашувачки на поединците, семејствата и соработниците. Многу зависници поминуваат низ повеќекратни рехабилитациски програми - 28-дневни или други програми во кои се користат дроги - само за повторно да почнат да користат дроги.
Програмата на Нарконон е поинаква. Таа не е програма од 28 дена и не користи замена за дроги. Таа не е програма базирана на дроги. Таа не бара вера и верба.
Нарконон верува дека зависноста не е ниту наследна ниту пак неизлечива болест која треба бескрајно да се третира. Еден зависник не е доживотен зависник. Нашата програма се состои од уникатни техники со кои им се помага на зависниците да ја надминат зависноста од дроги и алкохол и нивните штетни ефекти.
Целта на програмата е единка која живее живот без дроги.
Ослободување од Зависноста
ОТКАЖУВАЊЕ ОД ДРОГИ БЕЗ УПОТРЕБА НА ДРОГИ
Програмата на Нарконон започнува со немедицински процес на одвикнување наменет да му помогне на поединецот да се симне од дроги најбрзо и најлесно што може. (Кога лекарот смета дека е потребно, Нарконон го упатува студентот на посебно медицински надгледувано откажување, како предуслов за започнување со програмата на Нарконон.)
Во текот на овој чекор, специјалистите за одвикнување на Нарконон се постојано достапни за да им помогнат на студентите додека поминуваат низ тешкотиите за време на откажувањето од дроги. Персоналот на Нарконон го следи спиењето, храната, внесот на течности и општиот напредок низ процесот. Исто така, тие испорачуваат и нежни техники за телото познати како асисти, кои помагаат да се ублажат грчевите, непријатностите и болките во телото.
Низ процедури наречени објективи, персоналот им помага на студентите повторно да се ориентираат во сегашноста, така што го пренасочуваат вниманието на студентот од неговото тело кон н еговото опкружување.
И уште, исхраната игра важна улога при одвикнувањето. За да функционира правилно, на телото му се потребни витамини и минерали; дрогите и алкохолот ги согоруваат витамините и минералите и ги маскираат болките како знаци дека телото откажува. Кога лицето ќе престане да зема дроги, болката и нелагодноста се манифестираат при одвикнувањето.
Покрај асисти и објективи, студентот зема формула од витамини и минерали за време на одвикнувањето, за да му се помогне на телото да се опорави.
ПРОГРАМА ЗА ДЕТОКСИКАЦИЈА – НОВ ЖИВОТ
Програмата за Детоксикација - Нов Живот е уште еден уникатен аспект од програмата на Нарконон. Истата се темели на откритието на Л. Рон Хабард дека остатоците од дроги очигледно остануваат заробени во масните ткива на телото и дека истите можат повторно да бидат активирани дури и по многу години откако лицето престанало да зема дрога. Штетните ментални и физички ефекти од земањето дрога не престануваат дури и кога лицето ќе престане да користи дрога. Поради тоа, клучен чекор е да се отстранат дрогите од телото и да им се стави крај на нивното влијание врз умот и телото на лицето.
Оваа фаза од програмата на Нарконон е наменета за отстранување на токсичните супстанци од телото, додека истовремено се намалува физичката желба поврзана со дрога и алкохол. Детоксикацијата – Нов Живот се состои од следните елементи: трчање за да се стимулира циркулацијата, подолго потење во специјално вентилирана, умерено топла и сува сауна за да се исфрлат насобраните дроги и отрови преку потењето, исхрана, во која се вклучени конкретни витамини, минерали и масла кои се земаат во точно определени количини, и соодветно изготвен личен распоред кој им овозможува на студентите доволно да се одморат.
Дозирањето на витамините во текот на програмата вклучува постепено зголемување на витаминот нијацин, заедно со други витамини и мултиминерали. Исто така, студентите на програмата земаат и посебна мешавина од масла. Студентите, исто така, земаат и соодветни количини на сол, калиум и вода, со цел организмот да ја задржи потребната хидратација за време на процесот.
Целта на Детоксикацијата – Нов Живот е телото да се ослободи од остатоците од дроги и да се отстрани нивниот негативен ефект, вклучувајќи ја и желбата за дрога.
ОБЈЕКТИВИТЕ
По одвикнувањето од дроги и Детоксикацијата – Нов Живот, студентот на Нарконон продолжува со Објективи. Дрогите ја отапуваат свеста на единката и ја исклучуваат од комуникација со околината. Објективите помагаат да се доведе студентот во комуникација со другите и со сегашната околина, така што го екстровертираат неговото внимание од вознемирувачките сеќавања поврзани со земање дрога и му овозможуваат да има перспектива која е помалку субјективна, а повеќе објективна. Тој е способен да го види светот околу себе јасно, често за прв пат по многу години.
За време на различни фази на програмата, секојдневно се прават објективи за да му се помогне на студентот да го задржи вниманието на сегашноста, а не на минатото.
На Објективите, студентите, исто така, учат вештини кои можат да ги користат за удобно да се соочат со животот и да ги решаваат проблемите преку комуникација.
КУРСЕВИ ЗА ВЕШТИНИ ЗА ЖИВЕЕЊЕТО
Нашата цел е долготраен успех за секој поединец. По Одвикнувањето и Детоксикацијата, студентите се чувствуваат подобро, но останува уште многу работа.
Ефикасната пракса и учењето водат кон стабилност, самопочит и враќање на личните вредности. Како што можат да се научат физичките вештини, така можат да се научат и животните вештини.
Последниот составен дел од програмата се состои од серија на Курсеви за вештини за живеењето. Овие курсеви му ги даваат на поединецот алатките кои му се потребни за никогаш повеќе да не земе дрога.
КУРС „НАДМИНУВАЊЕ НА НЕСТАБИЛНОСТА ВО ЖИВОТОТ“
За да ги избегнат ситуациите што во иднина можат да доведат да посегнат по дрога, студентите мораат да ја стекнат способноста да ги препознаваат вистинските пријатели и позитивните луѓе во нивните животи и да ги идентификуваат оние во чие друштво најверојатно повторно ќе западнат во неволји. На овој курс студентите ќе научат не само за тоа како нивниот погрешен избор во врска со пријателите и познаниците им нанел штета во животот, туку и за тоа како во иднина да прават подобар избор.
КУРС „ЛИЧНИ ВРЕДНОСТИ“
На курсот „Лични вредности“, студентите учат како се губат личните вредности и како да си ги повратат истите. Тие почнуваат да ги препознаваат нивните вистински обврски. Студентите учат постапка која им овозможува да преземат целосна одговорност за нивните лоши постапки од минатото и на тој начин доживуваат олеснување од траумите и вината кои се поврзани со нив. До крајот на овој курс, студентите ќе бидат подготвени да го остават минатото зад себе и да тргнат напред кон една позитивна иднина.
КУРС „МЕНУВАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО ЖИВОТОТ“
Бидејќи користењето на дрога и алкохол честопати произлегува од неспособноста да се излезе на крај со предизвиците, од суштинска важност е некогашните зависници да научат конструктивни вештини за решавање на проблеми кои ќе им помогнат да водат живот без употреба на дрога. На овој курс, студентите дополнително учат за постапките кои можат да се следат и со кои можат да ги поправат сите грешки од минатото, така што истите повеќе не претставуваат проблем во сегашноста, учејќи конкретни чекори за тоа како да ги унапредат своите животи.
ФИЛМОВИ ЗА ПОДУЧУВАЊЕ
За време на програмата, на студентите им се прикажува серија филмови за подучување, кои визуелно ја демонстрираат теоријата и постапката на секој аспект од технологијата која е во основа на компонентите на програмата, и начинот на кој функционираат заедно за да ја извлечат единката од зависноста и да ја донесат во една нова состојба.
РЕЗИМЕ
Како и секоја друга програма за рехабилитација од дроги, така и оваа не гарантира успех. Голем одлучувачки фактор е желбата и истрајноста на студентот да оствари живот без дроги.
Надминувањето на зависноста бара време и посветеност. Студентите напредуваат низ програмата на Нарконон по свој сопствен ритам, но на повеќето им требаат осум до десет недели. Ова им го дава времето и поддршката кои им се потребни за повторно да изградат еден нов живот, на местото на оној што бил уништен од дроги и алкохол.
Персоналот на Нарконон е посебно обучен да му помогне на секој студент при секој чекор на програмата. Тие се со личноста и се на располагање при одвикнувањето, Програма за Детоксикација – Нов Живот и Курсевите за Вештини за животот.
За семејството на студентот кој напредува низ програмата чесно и темелно, крајниот резултат може да биде повторно придобивање на нивните сакани, додека крајниот резултат за дипломецот на Нарконон е можноста да живее исполнет, продуктивен живот без дроги.