НАШЕТО БИОХЕМИСКО ОПШТЕСТВО
oд Л. Рон Хабард
Ние живееме во хемиски ориентирано општество.
Речиси е невозможно да најдеме човек во денешната цивилизација, кој не е погоден од овој факт. Поголемиот дел од јавноста секојдневно подлежи на внесување конзерванси преку храната, како и на други хемиски отрови, меѓу кои спаѓаат и атмосферските отрови и пестицидите. Исто така, да не ги заборавиме и апчињата против болки, средствата за смирување, психијатриските и другите медицински дроги што ги препишуваат лекарите. Згора на тоа, распространетото користење на марихуана, ЛСД, кокаин и другите улични дроги, значително придонесува кон општата состојба.
Сите овие фактори се дел од биохемискиот проблем.
Под поимот БИОХЕМИСКИ се подразбира меѓусебно дејствување на живите форми и хемиските супстанции.
Поимот БИО значи: живот; нешто што е поврзано со живите нешта. Тој потекнува од грчкиот збор bios, што значи: живот или начин на живот.
Под поимот ХЕМИСКИ се подразбира: нешто што е поврзано со хемикалии. Хемикалии се супстанции, прости или сложени, кои се градбени единици на материјата.
Човечкото тело е составено од одредени прецизни хемикалии и хемиски соединенија, меѓу кои непрекинато се одвиваат сложени хемиски процеси. Некои супстанции, како што се хранливите состојки, воздухот и водата, се витални за континуитетот на овие процеси и за одржување на телесното здравје. Некои супстанции се релативно неутрални кога ќе влезат во телото, и тие ниту се корисни, ниту прават штета. Но, некои супстанции можат да предизвикаат страшни оштетувања, зашто можат да ги блокираат или да ги нарушат функциите на телото, да го разболат телото, па дури и да го убијат.
ТОКСИЧНИТЕ СУПСТАНЦИИ, кои спаѓаат во последнава спомената категорија, се оние кои ја нарушуваат нормалната хемиска рамнотежа на телото или ги попречуваат внатрешните хемиски процеси. Овој термин се користи за да се опишат оние дроги, хемикалии или која било друга супстанција, која се покажала како отровна или штетна за организмот. Самиот збор токсичен води потекло од грчкиот збор toxikon, со кој првобитно се означувал отровот во кој се натопувале стрелите.
А поимот ДЕТОКСИКАЦИЈА значи: акцијата на отстранување на одреден отров или на отровниот ефект од нешто, како на пример од нашето сопствено тело.
ТОКСИНИ ВО ИЗОБИЛСТВО
Постојат многу текстови кои се занимаваат со темата токсични супстанции, со нивните потврдени ефекти, како и со предвидувања како да се справиме со нив. Разните публикации и весниците, се преполни со такви примери.
Денешната животна средина е проткаена со елементи кои се опасни по животот. Дрогите, радиоактивните отпадоци, загадувачите и разните хемиски агенси, не само што се сеприсутни, туку со текот на времето стануваат сè пораспространети. Всушност, тие се толку секојдневна појава, што е речиси невозможно да се избегнат.
На пример, некои од работите што се ставаат во конзервираниот зеленчук или супа, може да се сметаат за токсични. Тие се конзерванси, а нивното дејство е да го спречат распаѓањето. Од друга страна, варењето и клеточните активности се засноваат токму на распаѓањето. Со други зборови, овие работи можат да бидат многу корисни за произведувачот, бидејќи го одржуваат продуктот, но тие можат да бидат многу штетни за потрошувачот. И тука не станува збор за тоа дека јас сум пребирлив или каприциозен во однос на исхраната, или дека имам нешто против конзервансите. Поентата што сакам да ја истакнам, е дека Човекот е опкружен со токсини.
Само овој пример за конзерванси во храната, го покажува степенот до кој единката може да се соочи со токсичните супстанции во секојдневниот живот.
Но ајде на сето ова да ги додадеме и непријателите од разни земји, кои распространетата зависност од дроги ја користат како механизам за конечна победа, или да ги додадеме нациите кои се натпреваруваат во производство и тестирање на нуклеарно оружје (со што го зголемуваат количеството на ослободени радиоактивни материи во околината). И ајде да ја додадеме лесната достапност на средствата против болки и седативите, зголемената употреба на индустриски и земјоделски хемикалии, како и токсичните супстанции кои се развиваат за водење хемиска војна. Накусо (и директно кажано), ова општество, во овој момент, е посеано со токсични супстанции.
За што подобро да ја појасниме постојната биохемиска ситуација, ќе укажеме на некои податоци во врска со супстанциите кои претставуваат закана и за единките и за општеството како целина. А Програмата за Прочистување е наменета токму за разрешување на оваа ситуација.
ДРОГИ
Во основа, дрогите се отрови. Степенот до кој се земаат, го одредува степенот на нивниот ефект. Помало количество дејствува како стимуланс (ја зголемува активноста). Поголемо количество дејствува како седатив (ја потиснува активноста). Уште поголемо количество дејствува како отров и може да усмрти.
Ова е вистина за секоја дрога, а од видот на дрогата зависи колкаво количество од неа е потребно, за да ги предизвика претходно наведените ефекти. Кофеинот е дрога, па така кафето е еден пример. Сто шолји кафе веројатно би ве усмртиле. Десет шолји кафе веројатно би ве заспале. Две или три шолји би ве стимулирале. Кафето е многу вообичаена дрога. Тоа не е многу штетно, бидејќи е потребно големо количество кафе за да предизвика штетен ефект. Па затоа кафето е познато како стимуланс.
Арсеникот е познат отров. Па сепак, многу мало количество арсеник е стимуланс, поголемо количество ќе ве заспие, а неколку зрна ќе ве убијат.
УЛИЧНИ ДРОГИ
Дрогите се присутни на целата наша планета, и тие создаваат сцена која плива во крв и човечко страдање.
Истражувањето покажува дека најдеструктивниот елемент во нашата сегашна култура се дрогите.
Забрзaното и распространето користење на дроги како што се ЛСД, хероин, кокаин, марихуана и долгата листа на нови улични дроги, сите тие играат улога во нашето исцрпено општество. Дури и на учениците им втурнати во дроги. Дури и децата на мајки кои земаат дроги, се раѓаат како зависници.
Според извештаите, некои од дрогите можат да предизвикаат оштетување на мозокот и нервите. На пример, известувањата покажуваат дека дури и марихуаната, која е толку омилена кај студентите – кои патем речено би требало да се остроумни денес, за да можат да раководат утре – може да предизвика атрофија на мозокот.
Истражувањето утврди дека постои дури и такво нешто како што е „наркотична личност.“ Тоа е вештачка личност која ја создаваат дрогите. Очигледно е дека дрогите можат да ја променат оригиналната личност и однесувањето на единката, и да ја претворат во личност која потајно негува непријателства и омрази кои се потиснати под површината. И додека ова можеби не е случај со сите зависници, од друга страна укажува на одредена поврзаност меѓу дрогите и зголемените тешкотии со криминалот, со намалената продуктивност и со современиот колапс на општествената и индустриската култура.
Катастрофалните физиолошки ефекти од дрогите, се тема на секојдневните наслови по весниците. А дека тие истовремено предизвикуваат и колапс на менталната будност и етичкиот карактер, е исто така премногу очигледно.
Меѓутоа, и покрај опасноста и штетноста на уличните дроги, тие се всушност само еден дел од целиот биохемиски проблем.
МЕДИЦИНСКИ И ПСИХИЈАТРИСКИ ДРОГИ
Медицинските, а особено, долгата листа на психијатриски дроги (Риталин, Валиум, Торазин и Литиум, да наброиме само неколку од нив), можат да бидат исто толку деструктивни како и уличните дроги. Популарноста на овие дроги, што се во секојдневна употреба, може да го вџаши оној кој не е запознаен со овој проблем.
Честопати лекарите препишуваат седативи, како тие да се лек за сите тешкотии. Уште од 1951 г., многу луѓе толку се навикнале на нивните дневни дози апчиња за спиење или за смирување на болки, што своите „мали апченца“ не ги ни сметаат за дроги.
Премногу е присутен ставот: „Ако не можам да ја откријам причината за болката, барем можам да ја умртвам.“ Кога станува збор за човек кој е ментално болен, истиот овој став можеме да го прочитаме на следниов начин: „Ако не можеме да го направиме разумен, барем можеме да го замолчиме.“
За жал, сеуште не се препознава дека седативот што ја умртвува болката, ја умртвува и единката што го зема, и на тој начин таа е многу поблиску до последната од сите болки – смртта. Зарем не е очигледно, дека најмолчеливите луѓе на светот се мртвите луѓе.
АЛКОХОЛ
Алкохолот не е дрога која влијае врз умот, туку е дрога која влијае врз биохемиските процеси. Алкохолот не му прави ништо на умот; тој им прави нешто на нервите. Бидејќи предизвикува брзо впивање на витаминот Б1 во телото, алкохолот ја нарушува способноста на нервите правилно да функционираат.
Од тие причини, пијаниот не може да го координира своето тело. Алкохол во мали количества е стимуланс, а во големи количества е седатив.
Дефиницијата за зборот алкохоличар, подразбира лице кое не може да се задржи само на една чаша алкохол. Доколку се напие една чаша, тоа мора да се напие уште една. Лицето е зависно. Еден од факторите е дека тоа мора пред себе да има полна чаша. Доколку се испразни, чашата мора повторно да се наполни.
Алкохоличарите се во состојба на целосно, жестоко непријателство кон сè околу нив. Тие би нападнале или би убиле човек без да трепнат.
Алкохолот е дрога. Степенот на консумирање алкохол (количеството и зачестеноста), укажува на тоа дали една единка би требало да се смета за тежок корисник.
КОМЕРЦИЈАЛНИ ПРОЦЕСИ И ПРОИЗВОДИ
Во последниве години беа направени повеќе истражувања во врска со потенцијалните токсични ефекти на голем број супстанции што вообичаено се користат во разни комерцијални процеси и производи, како и во врска со степенот до кој можат да си го најдат патот до телата на жителите на оваа планета. Во продолжение следуваат неколку примери за тоа што утврдија овие истражувања.
ИНДУСТРИСКИ ХЕМИКАЛИИ
Во оваа категорија спаѓаат десетици илјади хемикалии што се користат во производството. Се разбира, сите овие хемикалии не се токсични. Меѓутоа, работниците во фабриките кои произведуваат или користат производи како што се: пестицидите, производите од нафта, пластиката, детергентите и хемикалиите за чистење, растворувачите, обложените метали, конзервансите, дрогите, азбестните производи, ѓубривата, некои видови козметика, парфемите, фарбите, боите, електричната опрема или какви било радиоактивни материи – можат да бидат изложени на токсични материи и тоа често во долги временски периоди. И секако, кога ги користат овие производи, и корисниците можат да бидат изложени на остатоците од вакви хемикалии.
ЗЕМЈОДЕЛСКИ ХЕМИКАЛИИ
Пестицидите се најочигледните токсични супстанции на кои се изложени работниците во земјоделието. Тука спаѓаат инсектицидите (хемикалии што уништуваат инсекти), хербицидите (хемикалии што уништуваат несакани растенија, како што е коровот), и ѓубривата што ги произведува човекот.
Во категоријата хербициди се вбројуваат и оние што ја содржат супстанцијата позната под името „диоксин“, која е позната како многу токсична хемикалија, дури и во количества кои се толку мали што не можат да се откријат во телото.
Контакт со хемикалиите што се користат во земјоделството може да се оствари на повеќе начини. Хемикалијата може да ја има на или во самото растение, па преку јадење да ја внесеме во телото. Таа може да се пренесе преку ветерот и така директно да ја вдишат оние кои живеат или работат во земјоделските реони. Или пак, таа може да навлезе дури и во цевките на водата за пиење.
ХРАНА, ДОДАТОЦИ (АДИТИВИ) ВО ХРАНАТА И КОНЗЕРВАНСИ
Постојат супстанции што се додаваат во храната што се произведува со комерцијални просеци, а кои се наменети да ја „засилат“ бојата или вкусот или, како што спомнавме претходно, да ја чуваат храната да не се расипува. Исто така, сè повеќе се употребуваат разновидни вештачки засладувачи што се ставаат во „диететските“ безалкохолни пијалаци, како и во друга комерцијално спакувана храна. Испитувањето на овие „засилувачи“, „засладувачи“ и „конзерванси“, покажа дека извесен број од нив се доста токсични. Целата тема додатоци и конзерванси во храната, стана предмет на грижа на многу луѓе.
Постои уште една страна на темата храна. Откритијата од истражувањата, укажуваат на тоа дека расипаните масла се ризични за здравјето, до степен кој досега не бил ни претпоставуван. Истражувачите сметаат дека маслата што се користат за готвење или за комерцијална преработка на храната, кога не се свежи и чисти, и кога се расипани, се причинител за болестите на системот за варење и мускулите, па дури и за ракот.
ПАРФЕМИ И МИРИСИ
Употребата на парфеми и мириси во разните видови производи, во последниве години е сè пораспространета. Од алиштата што ги носиме до детергентите за перење, од козметичките марамчиња до рекламите во списанијата, на сите нешта им се додаваат мириси. А таквите мириси се најчесто ефтин хемиски дериват, екстракт од јагленов катран кој веројатно чини околу 10 центи за буре од 200 кг. Откритијата велат дека овие хемикалии, кои во локалниот супермаркет се продаваат како „мириси“, се всушност токсични и можат да завршат во продуктите за храна кои се продаваат во нивна близина. А внесувањето на овие хемикалии в уста, со сигурност нема да ви помогне при варењето на храната.
РАДИЈАЦИЈА
Не се сомневам дека во весниците сте прочитале дека контакт со радијацијата е возможен доколку се изложите на проби на нуклеарно оружје (или на радиоактивните честички кои таквите проби ги ослободуваат во атмосферата), преку нуклеарни отпадоци или преку некои производни процеси што користат радиоактивни материјали. Исто така, зголеменото користење на атомска енергија за создавање електрична енергија, без притоа да се развие соодветна технологија и заштита од нејзината употреба, претставува невоена закана. Натаму, загадувањето кое предизвикува влошување на погорниот слој на атмосферата на планетата, од година во година, и сè повеќе и повеќе овозможува радијацијата од сонцето да се пробива до површината на планетата.
Со други зборови, постојат многу начини на кои човек може да се изложи на радијација. Насекаде во атмосферата има радијација, и тоа отсекогаш било така. Само што сега е поприсутна.
Вљубениците во сонцето, сончањето, оние за кои редовното годишно печење на сонце претставува кариера, се изложуваат на радијација. Што е сонцето освен една радиоактивна топка? Нема подобар пример за радијација од нашето сонце. Затоа, изгореницата од сонце е изгореница, но не е изгореница која се појавува од прекумерна топлина: таа е изгореница од радијација. Одредено количество сончева светлина е веројатно суштинско за доброто здравје на човечкото тело. Но ние тука зборуваме за прекумерното изложување. Дури и кога изложувањето не е секојдневно и долготрајно, човек страда од кумулативните ефекти на радијацијата.
Исто така, и рендгенските зраци претставуваат радиоактивно зрачење. Тие се подеднакво смртоносни како и атомската фисија. Рендгенскиот зрак не предизвикува “голем бум;” тој не предизвикува огромна експлозија која ќе ги срамни сите градови со земја. Но тој, зрак по зрак, предизвикува состојба на висок степен на радијација во организмот, така што доколку се изложи на уште мало количество рендгенски зрак или радиоактивен отпадок, единката може да се разболи. Постојана, непрекината употреба на рендгенски зраци врз единката, може да го предизвика истото што го предизвикува и атомската фисија при нејзиното загадување на атмосферата.
Таму каде што постои радиоактивна атмосфера, исто така постои и влошување на здравјето. Колку повеќе луѓето се изложени на радијација, толку се понеотпорни и толку е поголем ефектот на радијацијата врз нив. Со други зборови, со текот на времето и од секој извор што го спомнавме претходно, во телото се акумулира радијација. Бидејќи радијацијата е кумулативна, следува дека ова го усложнува биохемискиот проблем и претставува значителна бариера.
РЕШЕНИЕ ЗА БИОХЕМИСКИОТ СВЕТ
Во врска со сето наведено, Програмата за Прочистување претставува решение за овој биохемиски проблем. Во општество како што е нашето, кое е толку проткаено со дроги и токсични материи, справувањето со таквите акумулации би требало да биде тема од голем интерес.
Логичните прашања во врска со која било постапка која може да се справи со таквите акумулации, би биле: „Дали функционира?“ „Дали дава резултати?“
Одговорите на овие прашања ги добивме од практичното искуство и разбирањето на основните откритија, кои овозможија создавање на постапка со која можеме единката да ја ослободиме од штетните ефекти на токсичните супстанции.